Новости
ГОЛЕМО БРАВО ЗА ШКОТСКА: Стана првата земја која изгласа закон за бесплатни тампони и влошки!
Жените воодушевени од овој закон во Шкотска
Оваа земја ја освои титулата шампион во борбата во која беше поразена „сиромаштијата за време на менструацијата“.
Влошките и тампоните не се луксуз туку тие се производи неопходни за секоја жена. Без нив ниту една жена не смее да го помине менструалниот циклус изјави Моника Ленон, пратенчка и член на шкотскиот парламент. Кампањата е поддржана од широка коалиција од трговски сојузи, организации на жени и добротворни организации. Шкотска нема да биде последната земја која ја остава менструалната сиромаштија во историјата“ – вели Монка Ленон.
„Ова е сигнал за светот дека може да се постигне бесплатен универзален достап до менструални производи“ – додава таа.
На 25.02. 2020 година, шкотскиот парламент влезе во историјата како првиот законодавен дом што донел ваков закон. Тогаш се случи првата фаза на гласање, во која сите 112 гласа беа „за“, никој не беше „против“ и само еден глас беше „воздржан“.
Конечната одлука беше донесена на 24 ноември, со која Шкотска ја освои титулата прва земја во која беше победена „сиромаштијата за време на менструацијата“.
Овој закон за прв пат беше предложен во 2017 година, а веќе следната година, Шкотска започна да практикува бесплатна дистрибуција на тампони и влошки во училиштата, универзитетите и во домовите на оние лица кои имаат ниски приходи.
За оваа акција на бесплатна дистрибуција на хигиенски производи за време на менструацијата, се планира Шкотска да издвои 25 милиони фунти годишно.
Според направените истражувања во земјата, спроведени меѓу младите девојки, дури една четвртина од нив имаат проблеми да дојдат до средствата за менструална хигиена, а 10% девојчиња во Велика Британија не можат да си ги дозволат.
Кога се појавува првата менструација
Менструацијата е еден од подоцнежните стадиуми на пубертет кај девојчињата. Просечната возраст за менструалниот циклус е околу 12 годишна возраст, но сепак било која возраст помеѓу 8 и 16 години се смета за нормална.
Престанокот на менструалните циклуси на крајот на репродуктивниот период на жената се нарекува менопауза. Во индустријализираните земји како Велика Британија просечната возраст на појавата на менопауза кај жените е 52 години, при што за нормална возраст се смета помеѓу 45 и 55 години. Појавата на менопауза пред 45 години во индустријализираните земји се смета за предвремена.
Возраста на појава на менопаузата е во голема мера резултат на генетиката, меѓутоа болестите, одредени операции или медицински третмани може да предизвикаат порана појава на менопаузата.
Времетраењето на менструалниот циклус кај жените обично варира, при што некои циклуси се пократки, а некои подолги.
Се смета дека жената има нормални ментруални циклуси, доколку нејзиниот најдолг и најкраток менструален циклус имаат разлика во времетраење пократка од 8 дена.
Варирањата на времетраењето на циклусот кои се пократки од 4 дена се невообичаени. Варирање на времетраење помеѓу 8 и 20 дена се појавува кај циклуси, кои се сметаат за умерено неправилни.
Но варијацијата на времетраењето на циклусот од 21 ден или повеќе, сметано помеѓу најкраткиот и најдолгиот циклус, се појавува кај многу неправилни циклуси.