Кафе муабет
Голема прослава кај Цеца и Богдан: Пејачката облече бело, а Богдан не ја тргна насмевката!
Го прославија роденденот на Искра...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот партнер Богдан Срејовиќ и приредија изненадување на неговата ќерка Искра.
Богдан цело време уживаше со ќерката Искра а за тоа е доказ неговата насмевка , додека и двајцата беа облечени во бело.
Имено, Искра блесна во бел фустан, додека Богдан искомбинира бела кошула со црни панталони.
Гостите беа насмеани и среќни на роденденот на ќерката на Богдан, додека Цеца го снимаше огнометот кој ги изненади сите гости.
Имено, над Белград блесна огномет кој го привлече вниманието на присутните.
Цеца со огномет порача: „Вака ние славиме. Милион искри со твоето име. Среќен роденден Искра“.
Цеца Ражнатовиќ неодамна изјави дека не планира повторно да се мажи.
– Свадбените приказни се глупости. Јас и Богдан воопшто не размислуваме за такви работи. Уживаме во нашата врска и тоа е се што имам да кажам – изјави пејачката за медиумите.
За потсетување, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиното момче Богдан Срејовиќ на 18 декември одбележаа една година од нивната љубовна врска.
Тие имено прв пат беа видени заедно на самиот почеток од оваа година во еден ресторан во Белград, и од тогаш се неразделни.
Познатата пејачка ретко зборува за својот приватен живот, а овој пат во емисијата се осврна и на нејзината врска. Но таа откри и дека за Нова Година не планира да настапува, туку да ја помине со семејството, што за неа исто така е нешто преубаво. Како вели таа, знае дека добро ќе се опушти со нив и дека ќе ужива со најблиските покрај пијалак и во добриот новогодишен програм.
„Има простор во јануари и февруари малку да се отпатува и д се одмори. Декември секогаш е пребукиран. Јас многу сакам да уживам покрај море, но никогаш н сум во прилика да издвојам толку време, туку ми одговараат некои поблиски дестинации како Златибор и Копаоник“, откри познатата пејачка во емисијата, па се осврна и на најтешките моменти што и се случија во изминативе години.
„Последните две години на сите ни се турбулентни и со огромни осцилации. Им се случуваа на луѓето и убави работи, но и многу тажни. Неколку мои колеги не напуштија и тоа за сите нас беа непријатни изненадувања. Многу луѓе што ги познавав починаа од корона и одвај чекам ова лудило да помине и се надевам дека тоа наскоро и ќе се случи, навистина е доста“, изјави Цеца, па се осврна и на односот со Богдан, скапоцениот прстен и наводната веридба.
Инаку, целата фама околу прстенот настана откако Цеца објави една фотографија со која буквално ги шокираше фановите.
Тогаш многумина беа заинтересирани дали златниот прстен што Цеца го покажа всушност преставува бурма.
Тогаш како бомба одекна веста дека популарната фолк-пејачка по толку години повторно има некој покрај себе и е заљубена, а многумина беа изненадени од нејзиното момче кое е девет години помладо од неа.
Како што самите открија, тие се запознале на еден роденден кај една заедничка пријателка, и по некое време ја започнаа романтичната врска.
„На 18 декември ни е годишнина. На нас секој ден ни е како годишнина. На мене во мојата врска ми е многу убаво, среќна сум и задоволна. Тој исто така, а тоа всушност е најважно. Тој ден за нас нема да значи ништо повеќе од сите останати кои се зад нас“, изјави Цеца за српскиот Телеграф.
Пејачката не крие дека е емотивно исполнета откако е во врска со младиот бизнисмен.
Тие прв пат во јавност беа фатени на самиот почеток од оваа година и од тогаш привлекуваат внимание каде и да се појават.