Кафе муабет

Голема прослава во семејството Јоксимовиќ: Жељко пресреќен- ќерката Мина сподели прекрасни вести

Сега е дипломиран музичар...

Ќерката на Жељко Јоксимовиќ пред неколку години тргна по неговиот пат кога се запиша на Академијата за музика, а од пред некој ден може да се пофали дека го направила најголемиот чекор, многу важен за неа.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Мина Јоксимовиќ дипломирала на Факултетот за музичка уметност и сега може да продолжи со соништата во светот на музиката, а сака да се докажува и како пејачка.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Честитките почнаа да се редат од сите страни кога ќерката на Жељко Јоксимовиќ ја објави радосната вест.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Таа објави фотографија на која се гледа широка насмевка.

фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ

– Дипломирав! Дипломиран музичар! Одиме понатаму – кратко изјави Мина и доби честитки од познати личности како Јелена Томашевиќ и Душица Јаковљевиќ.

фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ

– Најважно ми е што ми кажуваат моите родители, секако кога ќе ми дадат совет да променам нешто ги слушам. Тие се секогаш со мене и научив многу од нив. Татко ми ме научи да работам на музика нон-стоп. Тој и јас работиме многу добро заедно и многу ме поддржува уште од самиот почеток, изјави таа еднаш во едно интервју.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Да потсетиме, Мина Јоксимовиќ е најстарата ќерка на Жељко Јоксимовиќ.

Фото Инстаграм/Мина Јоксимовиќ

Жељко ја доби Мина, од бракот со Весна кога имал 23 години, а побарал од СПЦ да го поништи тој брак за да и даде завет на вечна љубов пред Бога на Јована.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Тој моментално е во среќен брак со водителката Јована Јоксимовиќ, со која ги има ќерките Ана и Срна, како и синот Коста.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Во јавноста постојано се шпекулираше за односот помеѓу Мина Јоксимовиќ и сопругата на Жељко, Јована, а водителката сега реши еднаш засекогаш да стави крај на претпоставките и шпекулациите.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Таа гостувајќи во емисијата „Од профил“ искрено проговори за својата врска со Мина која сега живее со нив.

Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

– Не можам да и бидам другарка на Мина, не можам да бидам ниту нејзина мајка. Можам да бидам нејзин пријател и некој кој, што и да и треба во животот, секогаш ќе биде тука за неа. Луѓето страшно ги мешаат улогите. Мислам дека Мина има прекрасни родители – прекрасна мајка и прекрасен татко. Мина е член на нашето семејство. Таа е тука со нас. Исто како што ја има таа топлина во куќата на нејзината мајка, ја има и во нашиот дом. Знам дека луѓето бараат сензација, но таа не е тука – рече Јована во споменатата емисија.

фото инстаграм/Мина Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
фото инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ
Фото: Инстаграм/ Мина Јоксимовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close