Кафе муабет
ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ХАРИС И МЕЛИНА! Нивната ќерка имаше убав повод за славење
Џина наполни 18 години...
Харис Џиновиќ и Мeлина Џиновиќ имаа посебна причина за славење, имено нивната ќерка Џна Џиновиќ наполни 18 години а го прослави роденденот со своето момче, фудбалерот Андрија Ѓуриќ.
Џина ги дувна свеќите на својата златна торта со розови детали, па го бакна своето момче, а сите фотографии од прославата ги објави на својот Инстаграм профил. Џина доби голем број честитки од нејзините придружници.
Ќерката на Харис напиша дека не успеала да одговори поединечно, но преку нстаграм им се заблагодари на сите за добрите желби.
Џина, инаку, е многу популарна на Тик Ток и Инстаграм каде има голем број следбеници.
– Не следам и не ми паѓа на памет. Да следам како ги напучила усните,го истакнала задникот и сега тоа е главната приказна. Не можам да го правам тоа, тоа ја навредува мојата интелигенција. Или да гледам „Задруга“, „Парови“, овие реални шоуа, па не можам да си дозволам, навистина – рече Џиновиќ.
Иако Џина е доста позната на јавноста сепак синот на Харис и Мелина Џиновиќ досега успешно избегнуваше да се појавува во јавноста.
Харис и Мелина важат за хармоничен пар кој со години се обидува на своите деца да им даде целосна приватност и да им дозволат тие самите да го изберат моментот кога би се појавиле во јавноста.
Првиот јавен чекор го направи Џина, седумнаесетгодишната ќерка на Мелина и Харис Џиновиќ, кога ги отвори своите профили на социјалните мрежи. Џина тогаш стана вистинска ѕвезда на „ТикТок“, а во тоа ја поддржуваше нејзината мајка.
Сепак, Џина не можеше да одолее да не го покаже на јавноста својот брат Кан, кој со години е целосна мистерија за медиумите.
Синот на Харис и Мелина Џиновиќ порасна во вистинско момче. Згоден, висок и црн, според многумина, Кан наликува на својот татко.
За потсетување, љубовната приказна на Мелина и Харис трае веќе 16 години, и иако е дури три децении помлада од него, тоа не им пречи тие да бидат среќни и заљубени.
Имено, кога ја добија ќерката Џина, Харис Џиновиќ и Мелина, тогаш сè уште Гавриќ,беа во врска две години. Вниманието кое го привлекоа во медиумите поради разликата во години падна во заборав, а сите се прашуваа само едно, кога овој пар ќе стапне на „лудиот камен“? Нешто повеќе од една година подоцна, Мелина на Харис му го роди синот Кан, а дури во 2008 година стана госпоѓа Џиновиќ, со сведочењето на нивните кумови Славица Еклстоун и Филип Цептер.