Кафе муабет

ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ДРАГАНА МИРКОВИЌ: Се огласи и Тони Бјелиќ- честитки добиваат од сите страни!

Прославија годишнина од брак...

Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ цели 28 години се во брак и се синоним за среќен брак. На вечна љубов се заколнаа на 28 септември 2000 година во Виена, но според нивната желба се помина без голема медиумска помпа.

Фото Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Бракот и љубовта никогаш не им беа поврзани со скандали, а денес Драгана и Тони можат да се пофалат со две деца кои се плод на нивната љубов.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

По повод годишнината од бракот, музичката ѕвезда на Инстаграм објави убави спомени од венчавката кои ги комплетираше со честитка упатена до нејзиниот сопруг Тони.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

„Среќна годишнина од брак, љубов“, напиша Драгана, а истите фотографии ги објави и нејзиниот Тони.
Драгана и Тони ги запозна организаторот на нејзиниот концерт во Виена, а тоа беше љубов на прв поглед.

фото инстаграм/Драгана Мирковиќ

“Во тој момент, кога ми ја подаде раката да се запознаеме почувствував нешто необично. Не го ни слушнав неговото име поради силата на моите емоции. Мислев дека никогаш повеќе нема да го видам во животот, но тој се обиде да биде поинаку“, рече таа во една прилика.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

„Тој период претставува сериозен пресврт во мојот живот. Затоа сум многу приврзана за песната „Сама“ и цедето што го објавив во тоа време. Факт е дека ја напуштив Србија поради љубов, но не ми беше воопшто лесно да се одлучам на таков чекор. Од убава куќа отидов во педесет квадрати. Иако имаше фирма Тони не беше заинтересиран да има убав дом туку да вози супер кола. Вистинско момчешко размислување. Меѓутоа тоа ми беше најмалиот проблем. Кога отидов во Виена, ја напуштив мојата земја, семејството и кариерата. Можеше да се случи никогаш да не се вратам на сцената“, изјави таа еднаш за Hello!

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Драгана откри дека веднаш знаела дека Тони и е сродна душа.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

“Кога се омажив, имав 32 години. Толку многу сакав семејство и деца што никој не можеше да ме спречи дури и да сакаше, а чувствував дека Тони ми е сродна душа”, изјавила пејачката.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Се запознавме пред мојот настап во Виена. Тоња, нашиот заеднички пријател и мојот братучед, го замоли да ме вози од аеродромот до адресата каде што настапував бидејќи му се расипа автомобилот. Прво од многубројните долги разговори по телефон, кога не бевме во ист град, а потоа лично, бидејќи Тони ја користеше секоја прилика да доаѓа на моите настапи низ дијаспората, уште од првата средба насетивме дека сме родени еден за друг. Во брак сме од септември 2000 година, а среќата ни ја крунисаа синот Марко (21) и ќерката Мануела (20). Не верувам дека спротивностите траат иако можат да се привлечат. Јас и мојот сопруг сме многу слични по карактер и верувам дека затоа имаме среќен брак. Отсекогаш сме ги сакале нашите деца со ист интензитет, добро сме ги воспитувале и ги поддржуваме, а секој од нас самостојно носи деловни одлуки.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Со љубовта на Тони полесно го прифатив новиот живот и би го направила сето тоа одново. Заедно поминавме низ многу работи, а најдов пријатели и во Австрија.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

– Многу денови и ноќи плачев тајно за нив, затоа што се грижев како ќе продолжат понатаму. Тони тоа го прифати полесно бидејќи од својата 16-та година е далеку од домот на неговите родители. Најпрво како родители ги испочитувавме нивните желби секој да живее на своја адреса. Марко е студент по економско право, а Мануела се подготвува за приемен испит за филолошки студии и веќе зборува пет јазици. Ние сме на телефон неколку пати на ден, но се трудам да не ги притискам со прашања и совети за ситници и да им давам поддршка за нивните избори што не се музика и животот во јавноста.

Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ

Драгана и Тони го имаат синот Марко кој се роди во 2001 година и ќерката Мануела која се роди една година подоцна.

фото инстаграм/Тони Бјелиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ
Фото: Инстаграм/ Драгана Мирковиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ
фото инстаграм/Тони Бјелиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close