Кафе муабет
Голема прослава во домот на Александра и Филип Живојиновиќ: Честитки пристигнуваат од сите страни, Брена пресреќна!
Прославија четири години од брак...
Пред точно две години, на 21 јуни, пејачката Александра Пријовиќ и најстариот син на Боба, Филип Живојиновиќ се заколнаа на вечна љубов.

Тие двајца беа во врска две години, а круна на љубовта е нивниот син Александар кој се роди на 6 март 2019 година.

Врската помеѓу Филип и Александра е на мета на јавноста уште од нејзиното објавување. Новинарите со будно внимание го следат секое нивно движење, а честопати шпекулираа и за нивниот развод.

Сепак, со секое појавување во јавноста покажуваа колку се сакаат и колку е силна нивната љубов.

Парот Живојиновиќ вчера прослави четири години брак, а честитки добија од сите страни.

Прва се огласи Лепа Брена која на својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија од свадбата на Александра и Филип а во описот напиша „Среќна годишнина“.

И мајката на Филип, Зорица Накиќ, на Инстаграм сподели своја фотографија од венчавката и им ја честиташе годишнината на парот.

Инаку неодамна повторно се шпекулираше за развод на парот.

Имено популарната пејачка Александра Пријовиќ ги избриша сите фотографии од својот „Инстаграм“ профил, а многумина заклучија дека тоа е еден вид маркетиншки трик пред објавувањето на новиот албум.

Покрај овој гест, следеше и промената на Александра Пријовиќ, која ги изненади и воодушеви и семејството и нејзините фанови.

Имено, пејачката реши целосно да го промени имиџот за потребите на новиот албум, а промената на Александра Пријовиќ предизвика лавина од коментари.

Комплиментите на сметка на совршената линија, но и фризурата се редат од ден на ден. А особено воодушевување пејачката предизвикала кога се појавила на свадбата на синот на Џани во придружба на нејзиниот сопруг.

Александра блесна во асиметричен сатенски фустан во жешка розова нијанса, а нејзината нова фризура дојде до израз.

Имено, таа ги скратила шишките и на тој начин на своето лице му даде сосема нов сјај.

Со потемнет тен, широка насмевка и неверојатен изглед ги воодушеви сите присутни а особено нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ кој не го тргнал погледот од неа цела вечер.




