Кафе муабет
ГОЛЕМА ПРИЧИНА ЗА СЛАВЕЊЕ ВО ДОМОТ НА ТАЊА САВИЌ: Пејачката доби старателство над синовите- откри ексклузивни детали за судењето!
Тања Савиќ повторно ќе биде заедно со синовите...
Агонијата на пејачката Тања Савиќ траеше скоро една година, бидејќи таа беше одвоена од нејзините синови од април минатата година, кога нивниот татко Душан незаконски ги однесе со себе во далечна Австралија.
Тања ја изненади јавноста објавувајќи на социјалните мрежи порака која многумина ја сфатија како потврда дека таа конечно е со своите деца, а сега ексклузивно за Пинк.рс откри дека го добила старателството над нејзините синови, и дека наскоро ќе оди во Австралија за да ги земе.
– Вистина е дека го добив старателството над децата (се смее)! Многу сум среќна – рече Тања, и откри дали децата се со неа сега, за што денес сите пишуваа и зборуваа:
– Не, ќе одам во Австралија да ги земам, судот донесе одлука децата да ми припаднат на мене и сега ќе ги донесам во Србија – рече видливо возбудената пејачка за Пинк.рс.
Инаку пред извесно време Тања истакна дека ги има сите докази, собрала се и успеала да добие многу докази против нејзиниот сопруг. Таа истакна дека за неа Душан е минато, дека заврши со него одамна, cтрадала и трпела само од стpав.
– Таа книга е затворена за мене. Имам свои деца кои треба да ги водам по вистинскиот пат, кои треба да ги однесам кај психолог, за да ги спасам од човекот што им ги труеше мозоците – рече тогаш Тања.
– Жените кои се големи емпати се приврзуваат за манипулатори. Јас бев емпатична додека мојот сопруг беше нешто сосема друго, тој немаше емпатија, гледаше само за себе. Веднаш го препознав, но беше предоцна, бев во блажена состојба, тогаш гледате некои работи што не ги сакате, замижувате и мислите „ќе го сменам“. Мислев дека ќе успеам. Не ги мразам мажите, има и жени кои се такви. Го следев неговото однесување, тој ме изолираше од сите, кога твојот партнер сака да те контролира, мислиш дека е љубов, кога те исклучува од семејството, пријателите, колегите. Тогаш тој може да прави што сака со тебе, како да си кукла, така се чувствував.Треба да станете доктор на науки за да ја откриете таа личност и на крајот да ја напуштите. Тие прават сè со намера да ја задржат жената. Во мојот случај, тоа беше намерно, го знаев тоа. Јас го сакав но се ослободив, многу ми е полесно, немам на кого да полагам сметки.Имав толку многу пријатели пред Душан, тој ме изолираше од моите пријатели, сега го враќам друштвото во мојата прегратка. Постојат многу пријатели и колеги кои ми се јавуваат сега, тие дури и не се осмелуваа порано. Очигледно беше дека сум исплашена, во моите очи се гледаше дека сум како исплашено дете – заклучи пејачката.
– Моите пријатели ми велеа „тој е прекрасен, како зборуваш така за него“, а јас плачев секој пат поради него. Но, знаев каков е, според другите тој беше шармантен, тој знае како да влезе под кожата. Мислам дека и луѓето кои го вршат ова психолошко насилство вршат физичко насилство, но мислам дека психолошката тортура е многу поисцрпувачка, објасни таа.
И биле потребни 3000 документи за да ги врати децата!
– Австралискиот закон е фер, но сè е бавно заради короната. Бидејќи има многу докази, предадов 3000 документи против него, останува да се бранат со некои пораки што ги испратив, тоа е толку безопacно. Јас сум мајка, имам целосно право да ги искажувам своите чувства и да пцујам во пораки, тој го додаде тоа против мене. Кога живеете со нарцис, тоа е многу тешко.
– Тања разговараше со својот адвокат за сите детали. Таа собра пари за патување во Австралија и направи се што можеше за повторно да ги прегрне своите синови. Овие месеци и беа тешки бидејќи не можеше да ги прегрне, да ги бакне. Плачеше цело време, а семејството ја тешеше, изјави неодамна извор близок на Тања.
-Од време на време, таа се молеше овој случај да успее, а нејзините родители, според гласините, продадоа некаков имот само за да и помогнат да патува и да остане во Австралија. Таа ја собра храброста и замина полна со оптимизам да биде повторно среќна во прегратките на нејзините наследници – вели изворот за „Блиц“.