Uncategorized
ГОЛЕМА ПРИЧИНА ЗА СЛАВЕЊЕ ВО ДОМОТ НА ИВАНОВИ: Се породи снаата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов- Иван стана татко
Поранешниот претседател стана дедо...
Вчерашниот ден за семејството Иванови беше еден од најсреќните. Имено Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов доби син.
Среќниот татко веднаш ја сподели убавата вест со своите пријатели на социјалните мрежи а доби и низа честитки за приновата.
Иван неодамна откри дека е вљубен до уши, па се ожени и покажа дека очекува и принова.
Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов неодамна ја промовираше и својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност.
Вели дека времето само по себе е невино, а ние сме тие што го сквернавиме.
Косата скратена и имиџот променет, се чини дека љубовта му одговара.Тој во октомври откри дека е вљубен и дека ја запросил долгогодишна девојка за жена, па во интервју за „Бекстејџ“ откри со што таа го освоила.– Шармот, насмевката, нивото на промислување на работите околу себе, интелигенција, убавина, но пред сè она што таа беше таа што е изјави тој.
Тие неодамна стапија во брак, а прекрасната невеста наместо традиционален бел фустан носеше розов со долги ракави, а на стомакот панделка која го стави во фокус нараснатото меше.
Освен што поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов стана свекор, сега стана и дедо.
Иако Иван планираше да направат голема традиционална свадба, се чини дека ги забрзаа работите и се решија за мала свадба со најблиските.
Инаку она што малкумина го знаат за него е дека тој има и свој бенд и дека е голем љубител на музиката.
Иван откри дека штом помине пандемијата планираат да направат голема традиционална свадба.
– Сум растел со дедо, со баби, што едноставно ми го всадиле тоа и едноставно тоа не прави она што сме и не се срамам на нашата македонска традиција и сакам да го испочитувам тој дел, но секако ќе имаме и забавен дел каде ќе имаме и модерен сегмент.