Кафе муабет
Голема причина за славење во домот на Елена Ристеска: Пејачката сподели убави вести- честитки простигнуваат од сите страни
Слави 20 години од кариера...
Кога се појави на македонската сцена сите коментираа за девојчето со тренди чорапчињата кои беа еден од најактуелните модни додатоци во тоа време.
Како дел од музичкото шоу М2 Елена успеа да изгради кариера и денес е едно од најпознатите музички имиња во земјава.
Нејзиниот деби сингл „Она Другото”, ремек дело на Дарко Димитров и Александар Ристовски Принц веднаш стана голем хит во Македонија.
Денеска пејачката сподели убави вести на својот профил на Фејсбук и воедно се пофали дека слави 20 години од кариерата.
Таа сподели две фотографии од нејзиниот прв настап и во описот на фотографијата напиша: Девојчето со црвените чорапиња слави 20 години од кариера.
Нејзините обожаватели коментираа дека таа е незаменлива, и посакаа многу успех а секако може да се забележи дека Елена за овие години воопшто не се променила.
Многумина коментираа дека отсекогаш изгледала убаво, а тоа можеме да го заклучиме и од нејзините фотографии кои ги споделува на социјалните мрежи.
Елена минатата година освои и две престижни награди. Имено, таа во Турција ја доби наградата за најдобар претставник на македонската култура во светот и во Сокобања доби награда за личност на годината во светот на поп музиката, што е од особено значење како за неа така и за нашата земја.
Елена на македонската музичка сцена успешно опстојува долги години и може да се пофали со многу богата кариера, но за време на корона кризата својата енергија ја насочи во еден поинаков правец.
Таа основаше своја линија на парфеми и гелови за туширање „Ера козметикс“ што се покажа како доста успешна.
Таа во последно време е поприлично посветена и на својот нов бизнис „Era cosmetics“.
Елена важи за една од оние ѕвезди кои го кријат својот приватен живот од очите на јавноста но она што сите го знаат дека семејството е нејзина најголема поддршка.
Може да се каже дека најголемиот успех во нејзината музичка кариера е победата на македонскиот „Избор на песна за Евровизија“ со песната „Нинанајна“ во 2006 година кога ја претставуваше Македонија на финалниот избор на „Евросонг 2006“ во Атина, Грција.
Во Атина успева да биде една од десетте изведувачи во полуфиналето (18 мај 2006) кои обезбедуваат пласман на финалната манифестација.
Во финалето одржано на 20 мај 2006, Елена доби 56 бода и го освои 12-то место.
Дванаесеттото место долго време беше најдобриот пласман за земјата на Евровизија до 2019 година, кога Тамара Тодевска го освои седмото место.