Кафе муабет
ГИ СПАКУВА КУФЕРИТЕ И ЈА НАПУШТИ ВИЛАТА! Еве што направи Богдан пред Цеца да замине на Малдиви!
Раскинаа по една година врска...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и бизнисменот Богдан Срејовиќ по една година љубов ставија точка на врската, а тој се исели од нејзината вила на Дедиње, каде живееја заедно со месеци.
Цеца и Богдан почнаа да живеат заедно, во нејзината вила во Љутиче Богдана, неколку месеци откако ја започнаа својата романса.
Секој слободен момент двајцата го користеа за да одат на заеднички патувања, но нивната база беше во Белград, во куќата на Цеца.
Меѓутоа, кога љубовта згасна и решија да раскинат, Срејовиќ ги спакува куферите и се исели од домот на пејачката.
Тоа се случи неколку дена пред Цеца и нејзините пријатели да заминат на одмор на Малдиви.
Да потсетиме, Цеца и Богдан не сакаа премногу да коментираат за раскинувањето што се случи, туку единствено што сакаа беше да ги потврдат овие наводи:
– Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот.
Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен.
Цеца отворено ја коментираше нивната врска пред неколку недели.
– Тешко е сега нешто да ме промени, бидејќи јас сум формирана личност, а и тој. Нашата врска се заснова на љубов, доверба и компромис, бидејќи без компромис не може, нема еднонасочна улица. Јас сум зрела, стабилна личност, и тој е таков и не ни е тешко да функционираме. Тој многу добро знае со кого е во врска, знае и што сакам, а јас знам што тој сака и многу сум среќна. Смирена сум, среќна и задоволна, а тој мир нема цена – изјави тогаш за „Пинк“, па откри зошто не сака повторно да застане на „лудиот камен“.
– Не морам ништо да бркам. Реализирана сум како мајка, што ми е најважно во животот и таа хартија не ми значи ништо за да функционира врската. И тој има брак и дете зад себе, ниту пак брка некои работи, сега да формира семејство и да очекува деца, па ни јас … само ни се допаѓа што сме заедно, што поминуваме многу време заедно, дека си го правиме животот подобар, секојдневието, а таа хартија апсолутно нема да ја надгради мојата врска, ниту да донесе нешто поубаво, поново – изјави таа во една прилика.
Новинарите по повод раскинувањето на парот, го контактираа и таткото на Богдан, Милош Срејовиќ за да добијат некаква информација.
– Како што ви кажав минатиот пат, неблагодарно е да се коментира сето тоа. Не се мешав во нивната врска, па нема ни во раскинувањето. Возрасни се ако тоа е нивна заедничка одлука, јас ја почитувам – изјави кратко поранешниот спортист.
Да потсетиме, Милош Срејовиќ за љубовта на Цеца и Богдан дозна од медиумите и истакна дека дотогаш не го видел својот син толку среќен и задоволен.
– Неблагодарно е тоа да се коментира. Тие се возрасни, зрели луѓе, кои знаат да се грижат за себе. Колку што можев да забележам, тие се среќни и задоволни. Тоа е заедничка приказна и не би се мешал понатаму. Морам да кажам дека Богдан не сум го слушнал или видел толку среќен и задоволен, па претпоставувам дека се е во совршен ред – љубезно рече тогаш поранешниот атлетски шампион и додаде:
-Вчера од медиумите дознав дека мојот Богдан се забавува со Цеца. Не ми спомна претходно, кога последен пат се слушнавме, ми рече дека наскоро ќе се видиме и разговараме. Требаше да дојде дома за Божиќ, но донекаде беше спречен – завршил Срејовиќ со насмевка.
Инаку, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ решија да стават точка на емотивната врска, по нешто повеќе од една година.