Кафе муабет
Ги освои социјалните мрежи со својата уникатност: Ова момче е заробено во тело на 5 годишно дете- пати од ретко пореметување, но не се откажува од својот сон!
Магомедов влезе во светот на возрасните годинава, но сепак изгледа како дете...
Хасбула Магомедов е момче кое и покрај тоа што стана полнолетен годинава, тоа не може да се забележи на неговото лице.
Имено осумнаесетгодишен блогер од Махачкала, има лице на петгодишно дете а се прослави откако објави смешно видео на социјалната мрежа ТикТок.
Магомедов влезе во светот на возрасните годинава, но сепак изгледа како дете.
Гласот, висината, лицето и детската насмевка не ни навестуваат дека во него се крие возрасен човек.
Магомедов неодамна започна да снима видеа на „ТикТок“, по што блогерот се здоби со светска популарност.
Според Магомедов, неговото видео започнало да се споделува на мрежите, вклучително и во локалните групи на социјалните мрежи, а наскоро луѓето на улица почнале да му приоѓаат.
Сепак е искрен и вел дека понекогаш му пречи неговата популарност.
„Непријатно ми е кога луѓето ќе ми пријдат“, објасни блогерот.
Магомедов рече дека лекарите не можат да му дадат точна дијагноза.
Блогерот тврди дека иако е популарен, неговите снимки на ТикТок не се неговата цел во животот. Тој има намера да ги заврши своите студии, да го научи Куранот и да стане алим (теолози и правни научници во исламот) во иднина.
– Воопшто не размислувам за следбеници, без оглед дали ги имам или не – заклучи Магомедов.
Погледнете дел од неговите снимки!