Дом и семејство

Ги надминаа проблемите, на гласините за развод возвратија со насмевка: Бали бег и Неџла добија ВТОРО ДЕТЕ и избраа име со моќно значење

Уживаат во улога на родители...

Турските актери Бурак Озчивит и Фахрије Евџен пред извесно време по втор пат се остварија во улога на родители а парот во меѓувреме откри и неколку детали кои јавноста не ги знаеше.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Минатото лето обожавателите на турските актери беа воодушевени од веста дека парот го очекува своето второ дете.

фото инстаграм/ Бурак Озчивит

Оттогаш, Фахрије Евџен сподели само неколку фотографии на кои се гледа нејзиниот труднички стомак, и не ја криеше среќата што ќе се ствари во улога на мајка по втор пат.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Сепак, парот не сакаше да открива многу детали а бидејќи Фахрије веќе некое време не е активна на социјалната мрежа Инстаграм, многумина се прашуваат како изгледа наследникот.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Како што пишуваат турските медиуми, Фахрије најверојатно се породила на 18 јануари, а парот повторно добил син на кој му го дале името Керем. Името за кое станува збор доаѓа од арапскиот јазик, што значи „великодушност“ и „благородност“.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Инаку, Брак и Фахрије веќе го имаат синот Каран, кој се роди во 2019 година.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Бурак и Фахрије потоа биле видени како излегуваат од породилиштето носејќи го бебето во транспортер а на насобраните папараци им откриле дека се поминало во најдобар ред.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

– Породувањето помина многу добро. Керем изгледа како Каран кога беше бебе. Господ да им даде на сите што сакаат ваква среќа – потенцираа актерите.

Бурак потоа додаде дека Каран е горд постар брат кој едвај го чека братчето.

– Реакцијата на Каран е неверојатна, едвај го чекаше. Искрено, не изненади – откри актерот.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Бурак Озчивит, на нашата публика најпознат по улогата на Бали бег во серијата „Сулејман Величествениот“, се запозна со Фахрије Евџен во 2013 година додека ја снимаа серијата „Дневникот на љубовта“. “.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Набрзо стапија во врска, а се венчаа во 2017 година и ги собра најголемите ѕвезди.

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Двојката често е мета на озборувања, а често се пишуваше дека Бурак и е неверен на сопругата, што секогаш го игнорирале или со насмевка го демантирале. Минатата година, откако беше откриено дека Фахрје повторно е бремена, повторно се пишуваше дека парот се разделува и дека актерката го напуштила заедничкиот дом.

фото инстаграм/ Бурак Озчивит

Според турските медиуми, тие минувале низ многу тежок период бидејќи Фахрије и Каран биле болни од корона вирусот и цело време биле дома, а за тоа време актерката наводно постојано се расправала со сопругот наводно поради неговата мајка.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Во еден момент, се шпекулираше, расправијата толку ескалирала што Фахрије Евјен го кренала гласот на свекрвата Чејхан, па Бурак скокнал во одбрана на мајка си, по што актерката ја напуштила нивната луксузна вила.

фото инстаграм/Фахрије Евџен

Сепак, двојката набрзо се огласи на Инстаграм демантирајќи ги овие гласини со заедничко селфи на кое се гушкаат и насмеани, испратија порака:

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

– Не бидете глупави! Оставете не на мира!

фото Инстаграм/Фахрие Евџен

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close