Кафе муабет

Ги има најубавите нозе на естрадата а сега откри која е тајната на извајаното тело: Не јадам, немам време

Откри дека се бори со целулитот...

Пејачката Александра Пријовиќ важи за една од најбараните млади пејачки, која покрај домашните обврски редовно настапува, а сега призна дека и е доста од деловните обврски.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Настапувам постојано, малку сум уморна од тоа темпо, но се трудам да одморам колку што можам повеќе и да постигнам се. Веќе почнав да работам на новиот албум, засега се готови три песни. Не сакам да брзам со изборот на нумери, мислам дека за неколку месеци ќе ги најдам сите песни што ми одговараат и „лежат“ – изјави Александра.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Таа потоа откри дека е воодушевена од песната напишана и компонирана од нејзиниот сопруг Филип.

фото Стори.рс

– Филип повторно ми напиша песна, воодушевена сум, сите дури и заплакавме кога ја слушнавме. Ако ја споредам со песната „Звукот на тишината“, што ја направи тој, морам да признаам дека оваа е подобра. Мислам дека успеа да се надмине себеси и дека оваа песна уште повеќе ќе и се допадне на публиката – истакна пејачката.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Покрај бројните обврски, Александра секогаш изгледа прекрасно, а сега откри дека тајната на нејзината линија е контролираната исхрана.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Не сум на никаква диета за да бидам слаба. Бев на диета некое време, а после тоа едноставно не ми треба храна како порано. Јадам многу малку, апетитот ми е намален и затоа сум слаба. А малку јадам затоа што не стигнувам- открила Пријовиќ.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Александра неодамна откри дека се бори со целулитот, а призна дека и нејзиниот сопруг го приметил тоа и и посочил.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Имам целулит, дури и Филип ме предупреди на тоа. Се обидувам да го решам и тој проблем. Сега сум слаба и тоа е единственото нешто што ми пречи на моето тело – изјавила тогаш таа.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Посветена е на работата…

Неодамна во медиумите почна да се шушка дека Прија ја престигна колешката Лепа Брена кога е во прашање заработката, со оглед на тоа што од почетокот на годината заработила три пати повеќе пари од неа.

фото инстаграм/александра пријовиќ

Александра Пријовиќ од почетокот на 2022 година има 50 настапи, а само од гледање на песните кои ги има на Јутјуб и биле исплатени пари со кои може да купи стан во Белград. Од друга страна, Брена има само неколку прегледи за песните кои пред подолго време се објавени на овој канал.

фото инстаграм/александра пријовиќ

– Прија годинава влезе работејќи, цело лето резервираше тезги и настапи, а до крајот на годината ја чекаат десетици настапи. Досега имаше околу 50 прослави и на сите тезги имаше добри хонорари за неа, а добро заработи и од прегледите на YouTube. Брена, пак, имаше малку настапи, повеќе патуваше и трошеше пари, а немаше приходи од прегледи на YouTube. Само неколку нејзини песни добија многу прегледи, другите не поминаа најдобро, па Брена почна да ги прикачува сите извештаи, интервјуа и сцени од филмовите во кои глумеше како млада за да ја зголеми гледаноста на самиот канал – открива добро информиран соговорник на српски Телеграф.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

– Прија досега ја заработи сумата што некои пејачи ја постигнуваат за пет или повеќе години. Откако објави нови песни, таа има уште повеќе ангажмани, за разлика од Лепа Брена која се одмараше на море – додаде соговорникот.

Фото Инстаграм/Александра Пријовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close