Кафе муабет
ГАЛА ПРОСЛАВА ЗА МОМИНСКАТА НА КАТАРИНА ГРУЈИЌ: Пристигна лимузина, се точеше шампањ – еве како изгледаше пејачката на својот најубав ден(ВИДЕО)
Славеше со своето друштво...
Пејачката Катарина Грујиќ направи гала прослава со пријателите и колешките по повод моминската вечер, а во јавноста веднаш се појавија многу снимки од местото на настанот.
Бидејќи Катарина Грујиќ за три дена ќе прави голема свадба со фудбалерот Марко Гобељиќ во српската престолнина, каде, како што најави, ќе смени дури три венчаници, вчера со своите пријателки уживаше во традиционалната, девојачка вечер.
Така по неа дојде лимузина а пејачката цело време не ја симнуваше насмевката од лицето, а меѓу насобраните беа и нејзините колешки Надица Адемов и Тамара Милутиновиќ.
Ката беше во бело, точеше шампањ и се слушаа хитовите на Теа Таировиќ и Маја Беровиќ.
-Нема трема, лани направивме граѓанска свадба, можеби тогаш беше поголема, бидејќи бев бремена. Сега остана црквата и таа голема забава. Едвај чекам, спремив три венчаници, се е готово, торта, украси… Само гостите не зезаат, некои се додаваат, некои се одземаат, па можеби ќе има проблеми, нобоже мој, кога доаѓа тој ден мислам дека се ќе биде совршено – изјави неодамна Катарина.
Ги делат обврските околу ќерката…
Катарина Грујиќ минатата година на свет ја донесе ќеркичката Катја а првиот настап го имаше само три месеци по породувањето.
Пејачката вели дека мајчинството ја променило на подобро и дека заедно и рамноправно со сопругот Марко Гобељиќ ја одгледува ќерката Катја.
“Мојот начин на живот се промени, но на подобро и поубаво.
Многу сум поисполнета во животот. Улогата на мајка за мене е најважната и најубавата улога во животот што може да се случи. Сè што се променило се промени само на подобро“, вели Ката за „Блиц“ и додаде:
„Отсекогаш сум била одговорна личност, а сега треба да бидам уште поодговорна и навистина сум. Би дала се за ќерка ми во животот. Правам се за неа и поголемиот дел од времето го поминувам со неа. Ме промени тоа да сум само со неа и апсолутно ништо во животот не ме интересира освен неа, и секако после неа, мојата кариера. Како што истакнува нејзиниот избраник Марко Гобељиќ, добро му оди како татко, а веќе ја разгалил ќерката Катја“.
Марко се покажа како најдобар што може.Сè прави барем со мене,освен што не менува пелена.Не му дозволувам да го прави тоа. Ама се на се ептен е добар. Тој веќе ај разгали, само ја прегрнува ја носи во раце, дефинитивно ќе ја размази повеќе кога ќе порасне, а јас веројатно ќе бидам построг родител“, вели Ката и истакнува дека бебето повеќе личи на таткото.
Многумина коментираат и дека пејачката изгледа совршено само два месеци по породувањето. Катарина пред неколку дена беше уловена со ќерката, а она што веднаш може да се забележи е дека пејачката брзо се врати во форма.
Во продолжение погледнете како се забавуваше пејачката со своите пријателки…