Кафе муабет
Во јавноста протече тестаментот на Саша Поповиќ: Се ќе и остави на неа но има една ставка која сите ја занемарија!
Пејачката имаше среќа да се сретне со Поповиќ, кој го прифати Даниел како свое дете...
Иако е здрав и витален, Саша Поповиќ реши да состави тестамент и конечно да реши на кого ќе го остави целото богатство.
Според медиумите, тој прочитал дека во светот богатите луѓе најчесто пишуваат тестаменти додека се здрави и витални за да не го прават тоа при крајот на нивниот живот, па наводно тајно се сретнал со адвокатот.
-Ми кажа дека долго размислувал за тоа, бидејќи тука во Србија се уште е табу тема. Сепак, тоа го правеле се повеќе негови пријатели, па се решил и на тој чекор. Сузана не кажа ништо, но вистината е дека со денови не можеше да спие бидејќи се прашуваше дали постапува правилно. Тој тајно отишол на совет кај семејниот адвокат, а потоа составил тестамент и го заверил кај нотар. Бидејќи таквите работи се многу трогателни, тој решил засега ништо да не кажува на семејството за да не ги вознемири – тврди за „Стар“, наводно близок пријател на Саша.
Како што е веќе познато, Поповиќ решил целиот имот да и го префрли на сопругата Сузана Јовановиќ, а сега се наведува дека внел ставка таа потоа имотот да го подели на нивната заедничка ќерка Александра, како и Даниел, нејзиниот син од првиот брак кого Саша го одгледа како свое дете.
-Кога го видел вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ како се бори за трошка наследство од татко му кој му го дал презимето, решил се што има од недвижен имот во Белград и Хрватска да и остави на сопругата Сузана. И на неа останува сето тоа. а потоа таа да го подели на еднакви делови. Вели дека од срцето му паднал камен кога сето тоа го запечатил и го завршил. Некако си симна тежок товар од себе. Сега може без размислување да се опушти и да ужива, дури и да се појави некој од страна и да побара дел од имотот или нешто слично, иако е сигурен дека тоа нема да се случи – тврди изворот.
Го одгледа Даниел како да е негов син!
Сузана Јовановиќ е една од најпознатите фолкерки на српската естрда која плени со својот глас и стас.
Пејачката од првиот брак го има синот Даниел, додека од вториот брак со директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ, ја има ќерката Александра.
Сузана и Саша ги пораснаа своите деца на вистински пат, а пејачката имаше среќа да се сретне со Поповиќ, кој го прифати Даниел како свое дете.
– Кога се разведовме јас и неговиот татко, тој имаше седум месеци, па затоа и не знаеше што се случува. Никогаш не сум рекла ништо против неговиот татко, верувам дека Бог ќе ни суди на сите еден ден и дека секој ќе го добие заслуженото во животот. Ја имавме таа среќа, или несреќа, што таткото на Даниел воопшто не праша за него. Дури кога Даниел започна основно училиште, неговиот татко се сети да се јави и да праша за здравјето на неговиот син. Од друга страна, Даниел исто така не праша никогаш за неговиот татко, тој едноставно не чувствуваше потреба. Мојот син и јас сме пријатели, тој знае дека секогаш може да смета на мене и на Саша- рече во една прилика Сузана за „Стил магазин“.
На прашањето како се сложуваат Саша и Даниел, Сузана одговори:
– Зборот очув звучи навистина застрашувачки, но во нашата семејна ситуација атмосферата е сосема поинаква. Сале има кажано за Даниел безброј пати дури и во негово присуство дека го чувствува како роден син.
-“Како да е тој мој син, жал ми е што не сум неговиот вистински татко”. Тој е многу горд на него и работат заедно во студиото. Ако еден маж може да ве” купи ” во животот, тогаш тоа е кога тој ќе го прифати твоето дете од неговиот прв брак. Тоа беше подобро и од тоа да добиев седмица на лото. Тој воопшто не ги дели Александра и Даниел. Обајцата се наши деца.
На 17-годишна возраст, Сузана се омажи за својот прв сопруг, хармоникаш, на кого му роди син Даниел, на 18-годишна возраст.
Сепак, оваа љубов не траеше, па Сузана се разведе само по седум месеци отккао се породи и се врати во семејната куќа. За време на овој краток брак, таа го роди синот Даниел, на кого нејзиниот втор сопруг Саша Поповиќ секогаш му беше како татко.