Кафе муабет
Во случај на развод Карлеуша ќе наследи милиони- нема да има потреба да работи до крајот на животот!
Парот има стекнато големо богатство...
Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ со денови е во центарот на вниманието, бидејќи пејачката на Божиќ го пријавила сопругот за семејно насилство.
Првото основно јавно обвинителство во Белград неодамна му предложи на судот да ја продолжи итната мерка за забрана на фудбалерот Душко Тошиќ да се приближува и да комуницира со неговата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша.
– По доставената пријава на полицијата за Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ до Првото основно обвинителство во Белград, Обвинителството ќе врши дополнителни проверки преку Центарот за социјална работа – потврдија за Курир.
Многумина се запрашаа дали популарниот пар ќе го заврши бракот со развод или ќе успее да ја надмине моменталната криза. Во случај на развод, Јелена би можела да добие голема сума на пари, толку многу што нема да мора да работи до крајот на животот, судејќи по бројките што ги споменуваа медиумите во претходните години.
Во основа, сè што брачните другари стекнуваат за време на бракот се дели на половина. Тошиќ заработувал огромни суми во бракот со Јелена Карлеуша.
Прво настапуваше за српската репрезентација, а потоа се пресели во Црвена Звезда, а потоа во турскиот клуб Генчлербирлиги. Меѓу другите клубови, Душко најголем успех но и заработка постигна во турскиот клуб Бешикташ каде настапуваше од 2015 до 2018 година.
Според медиумите, Тошиќ за овие три сезони во славниот клуб заработувал 1.250.000 евра годишно, што е зголемување во однос на претходните 900.000 евра, а имал и бонуси од 4.000 евра за секој одигран натпревар.
По големиот успех во овој клуб, Душко се пресели во Кина – Гуангжу, каде што беше уште повеќе платен. Имено, тој заработуваше 5.800.000 евра по сезона, како што пишуваа тамошните медиуми и со тоа стана најплатениот српски фудбалер.
Кога би се собрале само паричните приходи од овие два клуба, без да се земат предвид претходните заработки, бонуси, премии, како и трошоците за клубот, менаџерите и другите трошоци кои сигурно ги имал фудбалерот, Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони и 750 илјади. Според таа претпоставка, Јелена треба да добие половина од оваа сума на пари, што е нешто повеќе од девет милиони евра!
Парот Тошиќ поседува неколку имоти и автомобили, кои во случај на развод би можеле да се поделат на еднакви делови. Медиумите пред три години објавија дека парот купил вила од Драган Стојковиќ Пикси, која се наоѓа на Дедиње, вредна околу 3 милиони евра, која се уште ја уредуваат додека живеат во луксузен дом.
Се шпекулираше и дека издвоил 300.000 евра за вила на Врачар, но парот никогаш јавно не проговорил за имотот. Дополнително, доколку ќерките на познатиот пар и припаднат на нивната мајка, Душко за нив треба да и исплати алиментација на Јелена во висина на парите што ќе ги договорат.
Инаку вчера се огласи и адвокатот на Душко кој порача до медиумите да го остават парот на мир.
Небојша Перовиќ, адвокатот на Душко Тошиќ, нагласи дека поранешниот фудбалер негирал дека ја удрил сопругата Јелена Карлеуша.
Тој апелираше до медиумите семејството Карлеуша-Тошиќ да се остави на мира.
– Господинот Тошиќ беше испрашуван и сослушан. Тој негираше дека го сторил делото. Сите натписи што беа во весниците, каде што се зборуваше за се, мене ми личат најмногу на оговарање. На тоа треба да му дојде крајот и да се остави на мира, па семејството да живее во љубов, мир и кавга како што живеат сите други семејства. Свесни сме дека тие се исклучително популарен пар бидејќи оваа сцена не е нешто големо, но избувна во јавноста – изјави адвокатот за Курир.
Но како што дознава Телеграф.рс, обвинителството по пристигнувањето на пријавата се одлучило за следниот потег.
– По доставената пријава на полицијата за Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ до Првото основно обвинителство во Белград, Обвинителството ќе врши дополнителни проверки преку Центарот за социјална работа – потврдија за Телеграф.
Тоа значи дека во целиот случај ќе биде вклучен и центарот за социјална работа.
Да потсетиме, првиот основен суд ја продолжи за уште 30 дена итната мерка за забрана на фудбалерот Душко Тошиќ да се приближува и да комуницира со неговата сопруга, пејачката Јелена Карлеуша.
Душко Тошиќ наводно во полицијата во своја одбрана изјавил дека неговата сопруга Јелена Калеуша го пријавила за семејно насилство, наводно поради освета, за да му наштети бидејќи нивниот брак наводно бил во криза.
-Повтори дека никогаш не бил насилен, како и дека никогаш во животот не кренал рака на сопругата. Тој рече дека е точно дека се скарале на ручек, но негираше дека имало физичка пресметка. Се заколна дека само го кренал гласот против пејачката, а таа од одмазда го пријавила во полиција бидејќи одамна не се во добри односи – наводно за „Информер“ изјавил извор од полицијата.
„Моето име, лик и дело треба да се појавуваат исклучиво во приказни поврзани со спорт и хуманитарни дела. За жал, тоа не е така, па затоа сум принуден да се обраќам на овој начин. Секаде сум претставен како насилник, иако не поддржувам насилство и никогаш не сум го употребил.Оние кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен, каде и да е и што и да прави.Затоа ќе останам доследен на себе, ќе игнорирам измислици и ќе чекам да помине овој ветер кој е насочен против мене“, напиша Тошиќ вчера на Инстаграм.
За оваа семејна драма медиумите успеаа да ги прашаат и нивните најблиски соседи кои пак тврдат дека не слушнале ништо.
„Апсолутно ништо не слушнавме, само во еден момент видовме полиција пред нивната куќа, братот на Јелена, Марко и нејзината тетка излегуваа од дворот. Душко ретко доаѓа, постојано патува и поголемиот дел од времето го поминува со ќерките кога тој е во Белград. А кога ќе ги сретнеме, секогаш пријатно не поздравуваат, изјавија соседите за Блиц.