Кафе муабет
Во нејзин препознатлив стил Билјана Дебарлиева го прослави 50-тиот роденден: Сите зборуваат за тортата- еве зошто
Билјана го прослави роденденот во познат скопски ресторан...
Важи за една од најубавите водителки кај нас, секогаш насмеана, елегантна со префинет вкус, каде и да се појави Билјана Дебарлиева не може да остане незабележана.
На 19-ти декември Билјана го прослави својот 50-ти роденден па повторно блесна во нејзин стил. Убавата водителка за оваа прилика реши да облече кошула во бледо розевва боја, и модерни панталони во истата боја. Најубавиот детал сепак беше нејзината насмевка по која и е препознатлива.
Таа за Црно бело истакна дека бидејќи на денот кога е нејзиниот роденден се празнува Св. Никола решиле прославата по повод нејзиниот роденден да ја направат неколку дена подоцна а откри и дека за се се погрижил нејзиниот сопруг Јован Дебарлиев.
„Роденденот ми беше на 19-ти декември, на Св. Никола, ама бидејќи е празник кој го слават многу семејства, па и голем дел од нашите пријатели, нема да можев да ги соберам на тој ден, со сопругот одлучивме да ја направиме роденденската прослава неколку дена подоцна.
-Сопругот ми направил и едно изненадување, 7-минутно видео со фотографии од убави и важни моменти и приватно и професионално од моите изминати 50 години, буквално од детството, тинејџерските години, па сè до ден денес. Го правел без да знам јас, за да биде изненадување, и навистина беше и за мене и за сите што беа на прославата, рече Билјана за Црно Бело.
Билјана е околу триесет години во брак со сопругот Јован Дебарлиев, а плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Ана и синот Мики.
Се запознале во Охрид, родниот крај на Билјана, за време на летен одмор.
Билјана и Јован важат за еден од најхармоничниот пар а во една прилика таа ја откри и формулата за успешен брак е толеранцијата и довербата.
„Кога ќе се навратам назад, што сѐ не поминало во овие години зад нас. Не можам да кажам тајна или формула за успешен брак. Од мое лично искуство е да има толеранција меѓу партнерите, да нема воопшто љубомора. Ниту јас сум љубоморна, ниту мојот сопруг е љубоморен на мене. Иако типот на мојата професија некогаш барал да останувам многу до подоцна, да не бидам присутна дома. Никогаш не сум оставила простор да се посомнева во нешто. И тој секогаш ја имал слобода кога требал да излегува и шета. Кога ја имаш довербата не се измачуваш и не се јадеш самиот цебеси и не помислуваш на некакви црни сценарија“, рече Билјана.