Кафе муабет
Во мај го загуби сопругот а сега објави фотографија на која ужива во прегратките на друго момче- Николина Пишек ја шокираше јавноста со оваа објава
Ја соблече црнината и реши да продолжи понатаму...
Николина Пишек во мај годинава го загуби сопругот Видојe a по извесно време тага по загубената љубов, реши повторно да се врати на својата работа, се посвети на семејството и е се поактивна на социјалните мрежи.
Таа секојдневно со своите следбеници споделува работи од приватниот живот. Овој пат ја заинтригира јавноста споделувајќи стара фотографија од Сејшелите на која позира со пријател, а во оваа прилика се пошегува дека од покојниот сопруг Видоје Ристовиќ добила дозвола да се слика со друг маж.
– Беше прекрасна забава. Јас која ги задоволувам сите дадени параметри и сум на висина на задачата. Поводот? Една годишнина од еден драг пријател кого го познавам доволно долго за да објавам фотографија… Снимена е за време на семејно патување и со присуство и согласност на нашите тогашни сопружници. А тука е да ги истакне не толку познатите квалитети на овој нов дечко и да му посакувам лудо да се заљуби наредната година – напишала Пишек во описот на фотографијата.
Николина последните месеци во медиумите беше активна тема поради нејзината врска со свекорот Миша Гроф кој ја обвинуваше дека со неговиот син била само поради богатството.
Според него, Николина инсистирала што поскоро да ја доврши куќата што ја градат, бидејќи нејзиниот прв приоритет бил да си обезбеди удобен живот.
Во својата исповед за српска Република, Миша Гроф рече дека Видоје постојано и праќал пари на Николина за да располага со нив, дека го издржувал целото нејзино семејство и дека Пишек сега се обидува да продаде се што постигнал уметникот само за да добие дополнителни пари.
– Николина е болна жена. Таа жена повторно дојде во Белград само за пари. Дојде да ја доврши куќата, не чекаше ни 40 дена да се одбележат од син ми. Нејзе ѝ беше важно само куќата на која работеа да е завршена. Таа рече дека Видоје би го сакал само тоа најмногу на светот. Се обидов да и објаснам и да и речам: „Николина, син ми не се олади, не стигна официјалната обдукција, а ти би сакала пари за куќата! Таа куќа за која инсистираше да се доврши, таа го уби“. Таа бара тетратки во кои водел евиденција. Тој сакаше да има увид во сè. Битно е што е потрошено, што е важно што умре Видоје. Првата сопруга на Видоје, Лана е магија од жена. Таа доаѓа да ме посети, а Николина само ја влече за ракав за да и прави друштво. Што друго да прави кога ќе дојде во Белград – рече Миша.
– Видоје преку банката ги префрлил сите пари на сметките на Николина. Имаше на располагање, трошеше колку сакаше. Во ова невреме не доаѓа предвид да се изградат толкави куќи и да се вложат пари во стотици квадрати. И на син ми му дадов пари, но не сметав дека ќе потроши се без ограничувања. Градат замок, покојниот Туѓман немал толку куќи. Имам изводи од банка и гледам како син ми испраќал пари во загрепските банки. Тоа се ужасно големи суми. Ги имам и сите фази од работите на таа куќа што ја изградија. Само дневната соба има 200 квадрати, има спортски сали, базени и чуда. Замислете кога Видоје купи автомобил за неа и нејзиниот брат, кој ништо не прави! Тој е најголемиот неработник, син ми го издржуваше целото семејство! Знајте дека ум-рев денот кога син ми почина –посочи Виктор.