Кафе муабет
Во болница го повикал својот адвокат и го променил тестаментот: Еве на кого му остави партнерт на Ана Бекута се што имаше!
Милутин не сакаше ништо да препушти на случајноста, па со оваа постапка ги обезбеди и двете жени...
Милутин Мркоњиќ почина во болница на 79 години, а многумина веруваа дека тој ќе успее да се избори а смр-т никој не очекуваше, па ни Ана Бекута.
Иако лекарите до последен ден се бореа да го спасат Мрка, сепак неговото срце не издржи бидејќи десет дена беше интубиран и дишеше преку апарат.
Според извор од болницата, Мркоњиќ како да претчувствувал дека нема жив да ја напушти болницата, па пред три недели повикал адвокат да дојде лично кај него за да му го смени тестаментот. Бидејќи се работи за корона и дека посетите се забранети, политичарот ги фатил сите можни врски за да му биде дозволено на неговиот адвокат да влезе во болница.
„Мрка беше примен во болница на почетокот на ноември, каде што му беше поставен пејсмејкер и неговото закрепнување помина добро. Никој не се надеваше дека одеднаш ќе се разболи и дека исходот ќе биде ваков. Но, се чинеше дека предвиде дека нема да ја напушти болницата, па во строга тајност, повикал адвокат да го смени тестаментот што го направил пред десет години кога се раздели од сопругата Драгана,а двајцата тогаш одлучиле да не се разведуваат“, открива извор од болницата.
„Дури ни Ана не знаеше што се случува. Адвокатот дојде и Мрка состави друг тестамент. Станот во кој живееја тој и Ана последните пет години, на улицата Крунска во Врачар, и го остави на Ана затоа што заедно вложиле пари во него и го опремиле. Другиот стан во кој живеел со сопругата Даша додека биле заедно и кој исто така е на Врачар и го оставил нејзе. Не можеле да имаат деца, па логично било се што има да наследат Ана и Даша. Двете добро се сложуваат, Милутин не сакаше ништо да препушти на случајноста, па со оваа постапка ги обезбеди и двете жени, го предвиде крајот“, заклучува изворот.
Имал само една желба!
Последната деценија од животот на Мрка ја одбележа љубовта со фолк пејачката Ана Бекута, која беше со него до последен момент.
Мркоњиќ (79) заврши на кардиоваскуларната клиника во Белград, а неговата избраничка беше цело време со него.
Милутин Мркоњиќ додека бил во болничката постела ја заколнал Ана Бекута да му вети дека ако умре нема да престане да пее, објави Свет пред неколку дена.
– Сите го знаат Мрка како голем шегобиец, тој е толку позитивен човек што насекаде носи само радост и смеа. И додека минува низ најтешката борба во животот, тој е позитивен и се труди да и олесни на Ана. Многумина беа изненадени кога објави дека нема да ги откаже настапите иако Мрка се бори за живот. Впрочем, не е фер да ја озборуваат Ана затоа што тоа било желба на Мрка, тој знае дека Ана во живот ја одржуваат песната и работата и затоа ја замолил да му вети дека нема да се откаже од музиката и во најтешките моменти – изјави извор близок до пејачката.
Иако не беа официјално во брак, нивната љубовна приказна беше една од најубавите. Од кога го запознала Мрка, како што често кажуваше Ана Бекута, таа стана најсреќната жена на светот.
Нивната оаза на мирот беше во Врачар. Домот во кој живееа Ана и Мрка се наоѓа на врвот на најлуксузната зграда во оваа белградска општина. Сите кои биле во домот на Бекута тврдат дека тоа е вистинска оаза на топлина и дека секое парче мебел е внимателно избрано.
Инаку по неговата смрт се огласи Ана Бекута и накратко напиша;
Секој ден од нашата љубов, е ден за сеќавање…
Таа ги замоли медиумите да бидат коректни и да сочувствуваат со нејзината болка…
За потсетување, Мрка од првот брак со Драгана немаше деца, а ниту во врската со Бекута не се оствари во улога на татко. мено во медиумите излезе веста дека тој бил многу приврзан за синот на Ана, а особено ги сакал внуците на пејачката Бранко и Соња.
Наводно во една прилика тој истакнал дека токму Бранко ќе го наследи…
– Мене некој мора да ме наследи, а тоа ќе бидеш ти – често велеше на Бранко, а тој одговараше дека ќе биде тешко бидејќи него никој никогаш нема да може да го наследи. Мрка неодамна им купил автомобили на внуците за да можат да ја возат баба им Ана на настапи и да се грижат за неа кога него веќе го нема.