Дом и семејство
Вонбрачниот син на Мирослав Илиќ конечно го побара: Девин за прв пат разговарал со пејачот- нема да верувате што му кажал
Повеќе не му се лути...
Девин Антоновиќ e вонбрачниот син на пејачот Мирослав Илиќ кој долго време сонувал да воспостави блиска врска со својот славен татко, но тоа никогаш не се случило.
Девин Антоновиќ во април годинава си ја отвори душата по макотрпниот и долгогодишен процес што го иницираше неговата мајка Мирјана Антоновиќ за да го докаже биолошкото татковство на пејачот.
– Има само една вистина и не можеш да побегнеш од неа. Татко веќе не ми треба во животот и благодарен сум што отсекогаш сум имал храбра и самопожртвувана мајка со челични нерви – рече меѓу другото вонбрачниот син на Мирослав Илиќ на почетокот на април.
Чии гени всушност носи вонбрачниот син на Мирослав Илиќ открил во 2008 година, кога тој имал 22 години. Дотогаш мислел дека неговиот вистински татко е Данијел Антоновиќ, со кој мајка му била во брак.
‒ Набргу откако ја дознав вистината му се јавив на Мирослав и му реков: „Тоа ли е Мирослав Илиќ? Ова е Девин, твојот изгубен син од Америка.“ Имаше пауза пред да одговори: „Мило ми е што си жив и здрав“. Разговаравме за разни работи, па дури и за фудбал. Подоцна, комунициравме уште неколку пати и се договоривме да се сретнеме во Белград. Купив билет, но за жал Мирослав ми се јави една недела пред патувањето и го откажа терминот – Девин, кој по професија е анестезиолог, опиша како започнала неговата семејна сага.
Едно време рече дека не му се лути на Мирослав, туку дека чувствува потреба и желба да се сретне и да разговара со него, а четиринаесет години подоцна мислењето му се смени.
– Тешко ми падна разочарувањето и сознанието дека татко ми не е таков каков што го замислував – изјави Девин.
Но Мирослав Илиќ се огласи пред извесно време на оваа тема и накратко стави до знаење дека останува на својот став:
– На таа госпоѓа и кажав дека нејзиниот син има еден татко, а тоа е тој што го признал и кој е наведен како негов татко во документите. Но, ако тој човек повеќе не сака да му биде татко, туку јас да бидам тој, мора прво да го откаже татковството на тој господин – изјавил тој, наведувајќи дека се е во ред во семејните односи на Илиќ:
– Мислам дека целта не сум јас, туку мојата сопруга. Ако некој сака да си го побара своето право, слободно нека го направи тоа. Поминавме низ ова пред многу години и ова не е прв пат моето семејство да се соочи со ова. Ова не може да нè сруши– изјавил кратко Мирослав, пишува „Стори“.