Кафе муабет
Водителот на “Ѕвездите на Гранд” има 18 години помлада сопруга: Tаа е доктор, а погледнете како изгледа- Маја е вистинска убавица!
Воја се гордее со неа...
Многумина го препознаваат како голем шармер, кој со својот стас и појава знае да ја освои публиката. Познатиот радио и ТВ водител Воислав Недеjковиќ, сепак покрај деловниот успех, може да се пофали и со убава сопруга.
Воислав Недеjковиќ е скоро две децении постар од неговата сопруга Маја, поточно 18 години. Сепак, возраста не е проблем за нив а доказ за тоа е и нивната љубов која ја крунисаа со брак во 2002 година.
Тие го добија синот Ѓорѓе а како што неодамна изјавија, сè уште не размислуваат за проширување на семејството.
Водителот во интервју за Стори, истакна дека неговата понежна половина поседува се што тој посакувал кај една жена.
– Таа е позрела од мене во многу работи, а во нашиот случај нема судир на генерации. Не сакам стереотипи, затоа соработував и со постари и помлади луѓе во мојата работа, што го сметам за големо богатство. Мислам дека, како што секоја нација заслужува онаков владетел каков што има, така секој маж, вклучувајќи ме и мене, има жена каква што заслужува – рече Воја неодамна за „Стори“.
За Hello.rs водителот рече дека годините не се проблем кај нив, и дека тоа не играло улога во неговиот избор за Маја.
– За мене би било неважно и доколку Маја е постара од мене 17 години, затоа што во неа најдов личност која ме прави среќен – истакна тој.
Покрај тоа што е посветена на своето семејство, Маја е посветена и на својата работа и успешна во својата професија.
– Таа заврши медицина, работи како доктор во Институтот за трансфузија на крв и во моментов е специјализирана за некои крвни работи што не можам ни да ги кажам. Јас ја поддржувам онолку колку што таа ме поддржува мене – изјави тогаш Недељковиќ.
Водителот често пати знае да изјави дека љубовта во бракот е најважна а посочува дека успешен брак се темели врз почит.
“Љубовта и почитувањето се најважни во врската помеѓу двајца емотивни партнери. Треба да почитувате некого за да го сакате, ако нема почит и блискост, тогаш нема таква љубов. Љубовта не е иста категорија, започнува на еден начин, се модифицира во друг, во трет… Љубовта не е нешто што е вечно иста работа, но важно е секогаш да ја имаме“, истакна водителот.
Пред извесно време Маја објави фотографија во бикини, па слободно може да се каже дека освен што е посветена мајка и сопруга, но и успешен доктор, Маја сепак посветува големо внимание на своето тело.
Многумина коментираа за нејзините мускули и добро обликуваното тело, па водителот сигурно е многу горд што покрај себе има ваква убавица…