Кафе муабет
Водителката Татјана Стојановска е како виното – КОЛКУ ПОСТАРА ТОЛКУ ПОУБАВА -Погледнете како изгледала пред 20 години
Времето ништо не и’ може...
Познатата водителка Татјана Стојановска и денес важи за една од нашите најубавтв-лица, а во младоста таа навистина хипнотизираше со својата убавина.
Познатата водителка отсекогаш блескала и ги мамела воздишките со својата неприкосновена харизма и шарм, а бидејќи и денес е подеднакво убаво, многумина ја нарекуваат македонската Моника Белучи.
Таа и денес изгледа посебно и блеска кога е на малите екрани, а за многумина е и една од нашите најубави водителки.
Секогаш средена, дотерана и позтивна Стојановска е пример како треба да изгледа и да се однесува едно тв-лице.
Таа во 1999 година дипломирала на Економскиот факултет на УКИМ, а бидејќи нејзиниот син тогаш се уште бил мал, не планирала да продолжи на постдипломски студии. Тоа ќе го направи речиси 15 години подоцна, односно поточно во 2013, кога ќе магистрира човечки ресурси.
Во 1992 година ќе ја освои титулата „Мис на Македонија“, а следната, на изборот во Бугарија „Мис Планета“.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Важи за дама која негува елегантен и женствен стил, а кога ќе видите како изгледала во младоста ќе се воодушевите.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Неодамна, водителката на социјалните мрежи објави фотографии од нејзината младост.
Дефитивно за оваа жена важи изреката – како виното, колку постара толку поубава.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Освен нејзината фризура, шармантната и убава Татјана не сменила ништо на себе, и навистина за неа како времето да застанало.
Фото: Инстаграм/ Татјана Стојановска
Инаку, во приватниот живот Татјана е мајка на синот Матеј кого го има заедно со македонскиот пејач Благоја Груевски со кого водителката долги години беше во брак.
А моментално нејзина љубов е партнерот Михаил Китаноски со кого е во врска повеќе од 10 години.