Бебе
Водителката прв пат го покажа бебето – Јелена Богојевиќ ужива во улога на мајка!
Прва фотографија од бебенцето на нашата позната водителка
Познатата водителка Јелена Богојевиќ не крие дека ужива во најважната улога во нејзиниот живот, улогата на мајка, а сега на својот Инстаграм профил ја објави и првата фотографија од нејзиниот наследник.
Јелена видно расположена позираше со бебето во рацете, а она што на сите им падна во очи е нејзината преубава насмевка и дека изгледа одлично иако се породи пред само неколку недели.
„40 дена богатство“, напиша шармантната водителка под фотографијата на која позира заедно со својот сопруг.
Ова воедно е и првата фотографија на Јелена со својот наследник кој направи точно 40 дена.
Фотографијата е направена пред црквата Свети Јован Крстител во Капиштец, и сите тројца блескааат на неа.
Гордата мајка облечена во сино фустанче и сандали ги израдува следбениците, а во центарот на вниманието секако беше бебенцето.
Јелена во една пригода, во интервју за Гламур магазин, откри дека е најсреќна кога времето го поминува со најблиските, па повеќе од сигурни сме дека ова ќе и биде најубавиот период во животот и дека ќе ужива во мајчинството.
Како, од друга страна, изгледаше познатата водителка додека беше бремена, како и неколку фотографии од свадбата која се случи само една недела пред да се породи, погледнете во продолжение: