Новости
ВИСТИНСКИ РАЈ: Ѕирнете во новиот дом од 1200 квадрати на Новак и Јелена сместен на приватно езеро со неверојатен поглед!
Прекрасниот дом е сместен во Војводина
Семејството Ѓоковиќ се повеќе време поминува во малиот рај, во војводина, каде пред извесно време е завршена нивната прекрасна вила.
Тенисерот број еден заедно со својата сопруга и децата, секој слободен момент го користи да го помине во оваа куќа опкружена со шуми и ливади.
Новата вила на Ѓоковиќ чија големина се проценува на 1.200 квадратни метри, се наоѓа на приватно езеро,а во неколку соседни куќи живеат семејни пријатели на семејството Ѓоковиќ.
Српската телевизија Super TV- беше во посета на вилата, и како што пренесува таа е речиси готова, а мајсторите го користат времето за да работат на чистење на дворот.
Мали измени се прават и во внатрешноста на куќата, сè е опкружено со висока бетонска ограда, така што можете да ја видите куќата само од другиот крај на езерото, што ја гарантира приватноста на Ѓоковиќ. Тие имаат сопствен пристап до езерото, но и огромна градина во која Стефан и Тара очигледно ќе го поминуваат поголемиот дел од своето време. Приватноста е загарантирана и со тоа што, прозорците се направени така што никој не може да слика или да види што се случува во внатрешноста на домот, пренесува телевизијата.
Покрај Новак, поголемиот дел од своето време на овој имот ќе го поминат Срѓан и Дијана, родителите на Новак, кои ќе ја користат оваа куќа како викендица каде ќе избегаат од градските гужви.
Ќе отвораат ресторан покрај езеро?
Иако првично во медиумите се пишуваше дека таткото на Новак, ќе отвори ресторан на ова место, бидејќи во езерото има разноврсни риби, сепак соседите на Ѓоковиќ за Super TV велат дека нема таков план!
– Пријател со кого Срѓан се дружи долги години еднаш го донесе тука и му го покажа ова место. На Срѓан многу му се допадна, па неколку години подоцна реши да изгради куќа токму тука. Бидејќи тие сакаат да имаат максимална приватност, нема да отворат ресторан, туку сакаат да имаат свој мир, а кога ќе сакаат да имаат вистинска дружба и прослави ќе ги прават на имотот. Видовте дека тие имаат обезбедување, тоа е затоа што сакаат да имаат максимална приватност и дека не сакаат никој да гледа што прават во нивниот двор – вели еден од соседите што живее таму со години.
На прашањето кој почесто доаѓа на имотот жителите на ова мало место во Војводина велат:
– Најмногу го гледаме Срѓан, Новак ретко доаѓа. Тој беше пред неколку недели и шеташе со сопругата и децата. Срѓан се договара со мајсторите, тој се обидува да направи сè како што треба за кога ќе дојде Новак со семејството сите да уживаат. Тој често знае да седи во вилата со пријателите до доцна навечер …
Имено оваа вила е направена на ова место поради желбата на Јелена, сопругата на тенисерот на која многу и се допаднало ова место. Таа е позната по тоа што сака да пешачи во природа, па последен пат кога била во вилата го искористила слободното време за прошетка со децата по околните ливади.
Јелена и Новак имаат и свој дом во Монте Карло
Иако многумина би помислиле дека Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена живеат во луксузна вила опремена со најскап мебел, сепак пред неколку години, на социјалните мрежи осамнаа слики од нивниот семеен дом во Монте Карло по што можеше да се заклучи дека и двајцата се многу скромни.
Семејната куќа во Монте Карло е скромно опремена, Јелена и Новак уживаат во доста обични работи, како што се гледање телевизија и читање.
Децата имаат свое опремено катче каде што играат цел ден, а мама и тато се со нив секој момент.
Погледот од терасата е непроценлив и самото тоа ја зголемува цената на неговиот стан за неколку милиони евра.
Јасно е дека парот не сака да се фали со своето богатство и тие живеат прилично скромно, иако многумина би се пофалиле со скапи работи и мебел да се на нивно место.