Кафе муабет
Вистински маж не ја навредува својата сопруга: Карлеуша повторно ја шокираше јавноста- сите се прашуваат на кој се однесува пораката која ја објави!
Остана енигма дали заврши бурата меѓу Душко и Јелена...
Секоја објава на Јелена Карлеуша на Инстаграм привлекува внимание. Без разлика дали се работи за фотографии од настап, комбинација на облека или „гласно“ размислување.
Посебен интерес предизвика последниот нејзин пост за машко-женските односи. Сите се прашуваат кому се упатени зборовите на поп дивата.
– Вистинскиот маж никогаш не ја навредува сопругата пред некого. Ниту на шега – објави Јелена на Инстаграм и по кој знае кој пат предизвика општа збунетост.
Да потсетиме, зад ЈК стои турбулентен период. Таа на Божиќ го пријавила сопругот Душко Тошиќ за насилство, по што на поранешниот фудбалер му била изречена забрана за приближување.
Месец и пол подоцна објавата на Јелена Карлеуша предизвика целосна конфузија. На Денот на вљубените таа се пофали дека и пристигнале 3.333 црвени рози. Се претпоставува дека таа го добила цвеќето од Душко, иако никој од нив официјално не го потврдил тоа.
Инаку ова не е прва објава на Карлеуша по расправијата со сопругот со која предизвикува дилема кај многумина.
Имено, неодамна пејачката сподели фотографија со цитат, а многумина се сомневаат дека пораката е упатена до Душко.
„Ако мажот очекува жената да му биде ангел во животот, прво мора да ѝ направи рај, бидејќи ангелите не живеат во пеколот“, објави тогаш пејачката.
Јелена тврди дека таферата на Душко со Софија не е вистина…
Медиумите постојано пишуваат за нивниот живот, а неодамна се појави приказна дека спортистот наводно си нашол нова љубов, па го поврзаа со ќерката на Соња Вуксановиќ и Жељко Сашиќ, Софија Сашиќ.
Душко не ги коментираше овие наводи, туку Софија, кога ја демантираше целата приказна за нивната тајна врска.
Сега после долго време конечно се огласи и Карлеуша која рече дека е шокирана од тврдењата дека нејзиниот сопруг бил во тајна врска со Софија:
– Секако, апсолутна лага е дека Душко е во каква било врска со малата Софија Шашиќ, која многу добро ја познавам, имам одличен однос со неа, нејзината мајка Соња, таткото Жељко и овие болни гадости, без никакви докази, многу ги повредија сите – напиша поп дивата на својот Инстаграм.
По написите за наводната афера не се огласија ниту Софија, ниту Душко а прв даде изјава нејзиниот татко, пејачот Жељко Сашиќ, кој се зачудил кога го слушна прашањето. А потоа се огласи и мајката на Софија, Соња, која за Informer.rs истакна дека информацијата за врската на нејзината ќерка со фудбалерот била нечија невкусна шега.
По неколку дена и самата Софија реагираше на написите и истакна дека поднела тужба.
– Сите тужби се поднесени, така што нема потреба од дополнителен коментар. Ако сакате да напишете нешто за мене, мојата работа и брендот, јас сум секогаш тука – истакна накратко Софија.
За потсетување, во јавноста појави веста дека наводно Софија и 15 години постариот Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга.
– Софија уште од мала е навикната на удобен живот. Сака патувања, брендирана облека, оди на популарни места и иако е многу млада, живее на висока нога. Сите момци досега биле ситуирани и и обезбедиле животот каков што сака – рекол изворот за „Ало!“ на самиот почеток и открил како настанала емотивната врска меѓу Душко и Софија.
Мајката на Софија, Соња долги години е пријателка со сопругата на Душко. Тие двајца во неколку наврати се најдоа во исто друштво и потоа си се допаднаа. Секако, Софија знаела дека тој е оженет, па не сакала лесно да влегува во врска со него. Душко е 15 години постар, оженет, има две деца… – вели изворот.
– Сепак, тој и тврдеше дека бракот му е на стаклени нозе, ја опсипал со внимание и таа решила да му даде шанса. И двајцата многу патуваат, па контактите најчесто ги одржуваат во странство каде не мора да се кријат таму. Заедно се неколку месеци, нивните најблиски пријатели се запознаени со целата ситуација и им помагаат да се гледаат што почесто, без да предизвикаат сомнеж. Најчесто се во некој од неговите станови – објаснил соговорникот, и открил дека сопругата на Душко дознала за оваа афера.
– Неговата сопруга дознала дека Душко и Софија се во шема. Веднаш ја избриша од Инстаграм својата поранешна пријателка Соња и го прекина секој контакт со неа – заклучи соговорникот.