Дом и семејство

ВИСТИНАТА ЗА ПЛАЌАЊЕТО АЛИМЕНТАЦИЈА- Овие српски ѕвезди имаа голем проблем, еве кој должи милиони!

Познатите кои не плаќале алиментација за своето дете...

Многу од познатите српски ѕвезди се соочија со болни разводи, проследени со јавни расправии и препукувања, но и со проблеми кога станува збор плажање на алиментација за децата.

Многумина од нив и јавно зборуваа за овој проблем, така што секој знаеше кој и колку динари и должи на својата поранешна љубов. На крајот, кога дури и јавно предупредување не помага, случајот завршува на суд, а медиумите пишуваат за тоа со недели.

Српски Блиц објави кој пејач, колку должи на поранешниот партнер за алиментацијата, па може да се заклучи дека повеќето имаат доста голема сум за плажање…

Пејачката Каја Остојиќ не доби ништо од поранешниот сопруг

Остојиќ се разведе од сопруот, познатиот диџеј Јуниор Џек поради фудбалерот Матео Павловиќ.

– Јас и Вито се разделивме на мирен начин, се договоривме, нашата љубов меѓу нас двајца престана.

Немаше никакви скандали, неверство ниту трето лице. Ние сме нормални луѓе и на тој начин ја прекинавме нашата заедница, и многу ме погодува кога ќе прочитам лаги кои секојдневно се пишуваат, изјави пејачката по разводот.

Катарина Каја денес е мајка на младата девојка Николина, која ја доби со нејзиниот поранешен сопруг Никола Драгојловиќ. Кога го напуштила Никола, нејзината ќерка имала само шест месеци и вели дека нејзините родители и биле најголема поддршка. Иако нејзината мајка и тато и помагаа во сè, Каја вели дека нејзиниот поранешен никогаш не бил тука за нив двајца.

– Јас не добив скоро никаква алиментација во животот од него, ниту имав каков било друг вид на помош. Првите две години немаше ни трага ни глас од него или неговото семејство. Тој период беше навистина тежок за мене, како црна дупка. Никола пред извесно време воспостави врска со Николина, која отиде во посета на неговата сестра и мајка за време на празниците. Но, без оглед на тоа, јас никогаш не му простив. Не чувам лоши чувства во себе или лоши спомени, бидејќи тоа води до најлоши болести – рече пејачката во една прилика.

Пејчката Каја е вистинска атракција таа каде и да се појави е во центарот на вниманието, мажите се воодушевуваат на нејзината совршена линија.

Дарко Лазиќ и должи вртоглава сум ана пари на поранешната сопруга

 

За бракот на Ана Севиќ и Дарко Лазиќ се пишуваше на големо Тие ја имаат ќерката Лорена а неодамна Ана стана мајка по втор пат.

Пејачот и должи 900.000 динари на Ана Севиќ или 20 алиментации за својата ќерка Лорена.

Таа поднесе тужба во мај годинава против нејзиниот поранешен сопруг за неплаќање алиментација за нивната ќерка. Дарко пак јавно тврди дека таа не ги исполнила обврските па така сега долгот на пејачот е со износ од 900.000 динари. Бидејќи тој сè уште не стори ништо во врска со ова прашање, Ана побара правда на суд, но побара дискреција од адвокатот затоа што не сакаше да го клевети таткото на своето дете. По тој повод се огласи и Дарко, кој ги негираше обвинувањата.

Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ

– Не е вистина, Ана лаже! Плаќам алиментација на Лорена. Моите деца добиваат од мене секаков вид внимание и љубов што никогаш не им недостасува – изјавил пејачот за медиумите.

Жељко Сашиќ доби тужба од Соња

 

Соња Вуксановиќ го тужеше пејачот Жељко Сашиќ на почетокот на 2016 година за неплаќање алиментација на нивната ќерка. Таа тврдеше дека Сашиќ не плаќал алиментација од 2013 година, дека трошоците за школување паднале врз неа и дека и должел вкупно 20.000 евра. На рочиштето во Третиот основен суд тој сметаше дека тужбата против него е неоснована, како и дека тврдењата на Соња се лажни.

– Сашиќ смета дека не должи никому ништо и дека дури ја преплати сумата што требаше да ја даде за месечна поддршка и образование на неговата ќерка – рече неговиот адвокат.

Да потсетиме, по нивниот развод, Сашиќ се обврза да дава 618 евра месечно за детето.

Анабела треба да добие милиони од Гаги

 

Судот наводно повлекол 2,3 милиони динари од Гаги Џогани поради алиментација што тој не и ја исплатил на неговата поранешна сопруга Анабела Атијас.

Пејачката неодамна го тужеше својот поранешен сопруг за целата неплатена алиментација која се собираше повеќе од десет години. Судот донесе пресуда во корист на Атијас.

– Не очекував дека жената со која ги поминав најдобрите години буквално да го примени методот  на алиментација што им ја должев на моите деца и да земе сè што имам. Не давав порано затоа што немав! Ја чекав исплатата за да ги испратам парите, но Анабела се активираше на груб и брутален начин и непријатно ме изненади. Се чувствував како криминалец затоа што картичката ми беше блокирана. Јас сум многу лошо, не сум добро – рече Гаги, додека од друга страна Анабела вели дека и е доста од сè.

– Сакав да заврши човечки, но вака е поради него! Судот ги блокираше неговите картички, а јас сè уште не добив пари, властите одлучуваат за тоа и парите допрва треба да стигнат до мене – рече Анабела.

Иван го исплати долгот на Гоца Тржан

 

Гоца Тржан го тужеше Иван Маринковиќ за долг од 500.000 динари. Судот утврди дека тој мора да плаќа 12.000 динари месечно како алиментација, а не плаќал откако се разведоа во 2011 година. Како што беше напишано, тој не дал ниту динар.

Минатото лето не се појави во Првиот основен суд на главниот претрес, бидејќи имаше вирус на желудник. Сепак, во август истата година, тој реши да се ослободи од долгот, па плати се што му треба.

– Судењето е одложено за септември, но нема да има потреба да се одржи бидејќи Иван ги подмирил своите обврски. Тој ја плати целата сума – рече неговиот адвокат минатата година.

Инаку познатата поп пејачка Гоца Тржан пред 13 години ја доби ќерката Лана од бракот со Иван Маринковиќ, учесникот во реалното шоу „Парови“.

Гоца не сака многу да зборува за поранешниот сопруг, а сега истакнала дека нејзината ќерка веќе долго време нема контакт со нејзиниот татко.

– Лана не контактира со својот биолошки татко.

Таа не сака да има комуникација со него, раскажала Гоца.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close