Кафе муабет

Вики ја напушта естрадата: На познатата пејачка и се смачи од микрофонот- заработи многу пари, стана бизнисменка и сега реши да ја промени работата

Вики заработува одлично од својот бизнис...

Вики Миљковиќ со години важи за една од најбараните пејачки на овие простори но сепак изгледа дека пејачката полека но сигурно се оддалечува од музиката.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Имено деловниот живот на Вики би можел целосно да се промени, со оглед на тоа дека има голем успех како агент за недвижности.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Иако направи завидна кариера пеејќи популарна музика, која ја прослави и и обезбеди статус на шоу бизнис и и обезбеди финансии за приватен бизнис, Миљковиќ сака да  остави микрофонот се со цел уште посериозно да се посвети на продажбата и уредување ексклузивни станови како во Србија така и во странство.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Извор близок до фолк ѕвездата, за медиумите вели дека Вики се повеќе се посветува на приватниот бизнис и дека сака целосно да се повлече од сцената.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Виолета за кратко време постигна голем успех, занимавајќи се со посредување при продажба на недвижен имот и уредување на ентериер. За да може да ја води компанијата, добила дополнителна обука во областа на менаџментот и финансиите и ништо не оставила на случајноста – започнува изворот.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Ситуацијата со короната, која трае цели две години, насилно ја одвои од микрофонот и настапите, но имаше што да прави. Кога сфатила дека и оди добро, дека бизнисот се шири и цвета уште повеќе и посериозно навлегла во целата приказна. Запознала нови соработници, потпишала договори, го проширила бизнисот, па стигнала во Дубаи каде има свое претставништво – објаснил изворот за „Ало“.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Иако од 2016 година во неколку наврати најавуваше нов албум, Вики Миљковиќ има издадено само неколку синглови и можеме да ја видиме само како постојан член на жирито и ментор во „Ѕвездите на Гранд“, а изворот наведува дека ги намалила настапите по сопствена иницијатива за да се посвети на бизнисот.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

– Вики има готов албум, но се уште не одлучила дали и кога ќе го издаде. Додека ПР тимот и соработниците ја убедуваат да објави барем една песна, таа не сака да зборува за тоа. Своите настапи ги сведе на минимум, максимално по два часа пее само во големи клубови и дискотеки, по што се повлече од сцената. Менторството во Гранд го остави како нејзина медиумска активност од две причини. Првата е дека е обврзана со договор, а многу го цени Саша Поповиќ, а втората затоа што не сака да ги остави своите кандидати на цедило – вели добро упатен извор.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Вики Миљковиќ ќе соработува со Саша Поповиќ, но не на музички проект. Наводно зградата што Поповиќ ја гради на Бежанијска коса ќе ја уредува фирмата на Миљковиќ и нејзиниот сопруг Ташко. Тие ќе бидат задолжени за ентериерите на становите, но и за изгледот на зградите и парковите околу новата зграда.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ Ташко се решени дополнително да го прошират својот бизнис. Бидејќи досега беа само посредници, решија да се обидат во изградба на станбени комплекси. Идејата е да се изгради нова генерација паметни згради кои ќе бидат прилагодени на потребите на современиот човек, јавуваат локалните медиуми.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Познавачите на бизнисот на оваа естрадна двојка велат дека за помалку од една година заработиле околу три милиони евра, од недвижен имот.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Освен што продава станови на ексклузивни локации во Белград, Вики веќе неколку месеци работи и во САД, Карибите и Дубаи. Но, Миљковиќ не продава само луксузни станови, туку и вили, а тоа е посочено на веб-страницата на нејзината компанија.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Чикаго, Лас Вегас и Лос Анџелес се првите градови во кои оние со длабок џеб можат да купат стан или куќа преку фирмата во сопственост на пејачката и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташко. Вики, инаку, не е сопственик на сите тие имоти, како што многумина мислат, но има договор со нивните вистински сопственици за посредување во продажбата, па врз основа на тоа таа и Ташко земаат процент од околу три проценти, велат извори блиски до парот.

фото архива

-Луксузните апартмани и вили што ги нуди нејзината компанија се наоѓаат на ексклузивни локации низ Америка. Така, цената на стан од 69 квадрати во Лос Анџелес на Бродвеј изнесува дури 555.000 долари, што значи дека е потребно да се издвојат околу 8.000 долари за метар квадратен. Малку поголем стан од 84 метри квадратни чини 719.000 долари, додека најскапата недвижност е онаа на Оушн авенијата – за него треба да се издвојат 1.500.000 долари. Секако, сите придружни елементи се плаќаат посебно, па цената на паркинг место во Чикаго се проценува на 50.000 долари. Покрај учеството во посредување при продажбата, компанијата за недвижности на Виолета опремува со мебел и сите други детали по желба на купувачот, така што ова за неа е дополнителен вид на приход.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Вики еднаш изјави дека започнала бизнис во Дубаи, каде што има свои агенти. Според медиумите, таа потпишала договор за посредување во продажбата со сопственикот на два стана во највисоката зграда во светот Бурџ Калифа, па тие имоти ги нуди и нејзината компанија. Беше објавено и дека кумата на Виолета Цеца Ражнатовиќ е заинтересирана да купи трособен стан во емиратите и дека тоа ќе го направи преку Миљковиќ.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Да потсетиме, Вики и нејзиниот сопруг Ташко неодамна за прв пат добија престижна награда во областа на недвижностите. Тие беа прогласени за најдобри продавачи на недвижности во Белград на вода, па нивната компанија доби големо признание и препораки за понатамошна работа. Вики има развиено бизнис, а меѓу нејзините клиенти, покрај Цеца, се и други нејзини колеги, па ја опремува вилата на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Саша Поповиќ и други.

фото инстаграм/Вики Миљковиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close