Кафе муабет
Вики Миљковиќ го покажа луксузниот дом: Толку е голем што Андреј игра фудбал дома: Погледнете ги семејните фотографии, една работа привлече големо внимание
Дом како од бајките...
Домот на Вики Миљковиќ веќе неколку години се наоѓа во елитното маало Белград на вода.
Oднадвор сите знаат како изгледа луксузната зграда, но сега пејачката реши да открие и како изгледа семејната оаза.
Таа сподели видео во кое покажува како изгледа семејното гнездо сместено во повеќекатницата, а можеме да видиме како изгледа една просечна вечер во домот на пејачката, нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташко и нивниот син Андреј Ташковиќ.
Домот на Вики Миљковиќ и нејзиното семејство е толку голем што синот на познатата пејачка, кој веќе е познат по тоа што е активен во спортот, тренира и кога е дома. Андреј реши професионално да се посвети на тенисот,сепак во домот се релаксира со друг спорт. На видеото може да се забележи и победникот на „Ѕвездите на Гранд“ Нермин Ханџиќ, кој беше кај нив на гости, а чиј ментор беше токму Вики.
Тоа е само обична вечер во семејството, бидејќи домот на Вики Миљковиќ е секогаш исполнет со песни и насмевки, а во оваа прилика пејачката откри дека се обидела да ги убеди мажите заедно да прошетаат до блискиот трговски центар, но музиката ги понесе.
Видеото на кое се гледа домот на Вики Миљковиќ ни открива и како денес изгледа нејзиниот наследник Андреј кој има петнаесет години. Не сака особено да се експонира во јавноста и целосно е посветен на својата страст за спортот.
Откако ја продала куќата на Бежанијска коса, пејачката се вселила во огромен стан во една од двете кули во овој комплекс.
Покрај тоа, купила уште два стана, кои наводно ги издава. Во еден од становите на терасата има џакузи, а оние кои биле во становите велат дека се исклучително луксузно опремени, па се проценува дека инвестицијата не била помала од 1.500.000 евра!
Споменатата зграда има и базен, а веруваме дека тоа не е единствената луксузна активност во која Вики може да ужива со семејството. Сепак, она што дефинитивно најмногу привлекува внимание е погледот од пространата тераса на целиот главен град, како и џакузито кое пејачката преку терасата со кран го внесе во станот.
Деловниот живот на Вики би можел целосно да се промени, со оглед на тоа дека има голем успех како агент за недвижности.
Иако направи завидна кариера пеејќи популарна музика, која ја прослави и и обезбеди статус на шоу бизнис и и обезбеди финансии за приватен бизнис, Миљковиќ сака да остави микрофонот се со цел уште посериозно да се посвети на продажбата и уредување ексклузивни станови како во Србија така и во странство.
Извор близок до фолк ѕвездата, за медиумите вели дека Вики се повеќе се посветува на приватниот бизнис и дека сака целосно да се повлече од сцената.
– Виолета за кратко време постигна голем успех, занимавајќи се со посредување при продажба на недвижен имот и уредување на ентериер. За да може да ја води компанијата, добила дополнителна обука во областа на менаџментот и финансиите и ништо не оставила на случајноста – започнува изворот.
– Ситуацијата со короната, која трае цели две години, насилно ја одвои од микрофонот и настапите, но имаше што да прави. Кога сфатила дека и оди добро, дека бизнисот се шири и цвета уште повеќе и посериозно навлегла во целата приказна. Запознала нови соработници, потпишала договори, го проширила бизнисот, па стигнала во Дубаи каде има свое претставништво – објаснил изворот за „Ало“.