Кафе муабет
Вики Миљковиќ во кoстим за кaпeње го покажа извајаното тело: Пејачката ги доби сите комплименти за ова нејзино издание
Изгледа совршено...
Вики Миљковиќ е доказ дека годините не се пречка за жената да изгледа убаво и привлечно.
Извајаното тело, кое на сцената го истакна со мини здолништа, тесни фустани и панталони, беше еден од најголемите адути на поп-уметничката, чија генетика во голема мера беше одговорна за тоа.
Иако во еден момент Вики качи неколку килограми плус, сфаќајќи дека и се заканува сериозна борба со дебелината, се справила со нив, ја коригирала исхраната и почнала да тренира, додека стилските комбинации и помогнале да го сокрие својот вишок.
Денес, на прагот на шестата деценија, Вики изгледа навистина прекрасно. Не и недостига самодоверба, а тоа го покажа со објавување на фотографија на која позира во костим за капење.
Иако ретко се појавува во вакво издание, сега Вики Миљковиќ повторно е во фокусот на медиумите и јавноста, која беше поделена во коментарите.
Повеќето нејзини следбеници ја опсипаа со комплименти дека изгледа совршено и на прагот од шестата деценија.
Инаку Вики Миљковиќ е во брак со Драган Ташковиќ-Ташко а нивниот брак трае долго и успеа да ги преброди сите предизвици, но од многуте препреки кои ги дочекаа во минатото, уште на самиот почеток на врската, постоеше ризик родителите да бидат пречка за опстанок на оваа љубов.
Сепак, познатата пејачка успеала да изгради семејно гнездо со сопругот и нивниот син Андреј, но во една прилика откри што би можело да биде поинаку доколку не се бореле за љубов.
Имено, на бракот на Вики Миљковиќ блиските не гледаа како љубов која би можела да опстане. Како што еднаш изјави пејачката за магазинот „Story“, токму нејзините родители, особено родителите на нејзиниот сопруг биле против таа врска.
– Потекнувам од строго семејство кое не сакаше да ја продолжам врската со Ташко, а притоа родителите на мојот сопруг со своите ставови само ја влошија ситуацијата. Иако бевме млади, тој имаше дваесет и две, а јас немав ни деветнаесет, решивме да се бориме. Морам да признаам дека расколот траеше долго, но преживеавме благодарение на силата на нашата љубов. Дури после долго време се подобрија односите меѓу нашите семејства – откри фолкерката.
Бракот на Вики Миљковиќ, сепак, денес е еден од постабилните на јавната сцена.
– Најчесто се караме поради некој друг. Бидејќи според мене сите се добри, јас често се наоѓам во улога на бранител, а Драган обвинител и така се расправаме. Но, тоа не трае повеќе од пет минути бидејќи ниту тој ниту јас не можеме да издржиме долго да бидеме лути. Никогаш не сме легнале скарани и бараме решение за што побрзо да се помириме. Најчесто прва попуштам, иако нема правила. Одамна сфативме дека играме во ист тим и дека во љубовта нема гордост – изјави пејачката.
Тие се запознале преку заеднички пријатели, а за прв пат се бакнале на 18 март 1994 година.