Кафе муабет
ВЕЌЕ НЕ СЕ КРИЈАТ ЈАВНО : КАТАРИНА ИВАНОВСКА И ПЕРО АНТИЌ ЗАЕДНО НА ИЗЛОЖБА
Модно усогласен, парот уживаше во изложбата...
Шпекулациите за врската на нашата најпозната менекенка Катарина Ивановска и еден од нашите најдобри кошаркари – Перо Антиќ се покажаа како вистинити.
Фото: Инстаграм/Перо Антиќ
Имено, по подолго време криење од очите на јавноста, изминатиот период, парот веќе реши да не се крие и да излегува заедно во јавност.
Фото: Инстаграм/Перо Антиќ
Заљубената двојка можевме да ја видиме заедно на изложба во Скопје, каде Катарина и Антиќ беа модно услогласени и со насмевки на лицата уловени од објективот на Маја Јаневска Илиева.
Фото/Маја Јаневска Илиева
Манекенката носеше црн фустан кој ја следи линијата на телото и паѓа слободно од коловите па надолу, во комбинација со црни сандали. Додека Антиќ пак се појави во сиви, класични панталони и црна ролка.
Фото/ Маја Јаневска Илиева
Парот присуствуваше на изложбата ,,Се што ни е заедничко’’ која пред два дена беше отворена во Музеј на современата уметност.
Фото: Инстаграм/Перо Антиќ
Катарина се разведе од својот сопруг со кого има две деца – синчето Вања и помалата ќеркичка Кира која ја крсти по својот татко – поранешниот ракометен репрезетативец Кире Ивановски.
Фото: Инстаграм/Катарина Ивановска
Додека пак кошаркарот Антиќ во 2019-тата година се разведе од неговата сопруга, Ружица Максимовска после 13 години брак.
Тие заедно имаат три сина.
Фото: Инстаграм/Перо Антиќ