Кафе муабет
Весна Змијанац нема многу време да се грижи за внуците- Николија призна дека не се гледаат често!
Пејачката изјавила дека нејзиниот партнер Реља Поповиќ и таа ги делат обврските околу нивните ќерки, но и нејзината мајка Весна Змијанац и помага кога тоа ќе и го дозволат обврските...
Пејачката Николија Јовановиќ во јули годинава ја род својата втора ќеркичка. Таа сега призна дека обврските околу децата ги дели со сопругот, но пред тоа мора да го погледне неговиот распоред кој е згуснат поради деловните обврски.
Пејачката изјавила дека нејзиниот партнер Реља Поповиќ и таа ги делат обврските околу нивните ќерки, но и нејзината мајка Весна Змијанац и помага кога тоа ќе и го дозволат обврските.
„Јас и Реља ги делиме обврските 50:50. Мајка ми нема слободен викенд до февруари. Се восхитувам од каде доаѓа нејзината сила. Кога ми го прочита нејзиниот репертоар и датумите сфатив дека нема да се видиме наскоро. Исто е и со Реља. Има снимања, настапи…“, изјави Николија за Блиц.
„Јас и Реља си го чуваме приватниот живот. Мојата среќа е секако голема, иако не секогаш ја споделувам со медиумите и обожавателите затоа што едноставно ги одвојувам приватното и деловното. Да го вратам времето, нема да го откријам ниту името на првото дете. Имаше еуфорија и медиумите беа пред породилиштето кога ја родив Реа. Сега се ни се среди и решивме да ги криеме децата од медиумите и социјалните мрежи“, изјавила пејачката.
Пејачката по породувањето брзо ја врати посакуваната тежина.
„Јас тренирам. Сакам и секогаш тренирав. Штом докторот ми даде зелено светло, продолжив“, изјавила Николија.
По породувањето Николија ја промени и бојата на косата, па од бринета стана русокоса.
„Ми паѓа на памет еднаш во неколку години да ја сменам фризурата. Сакав да направам нешто радикално и се случи оваа промена, истакна таа.