Кафе муабет
Весна Змијанац за прв пат откри се за ривалството со Брена: Јас сум сериозна пејачка, таа пее детски песни!
Од секогаш биле ривалки...
На крајот на осумдесетите, Весна Змијанац и Лепа Брена беа најпопуларните фолкерки во СФРЈ, но и најголемите ривалки на музичката сцена.
За време на едно од телевизиските гостувања, Весна отворено проговори за врската со позната колешка и што мисли за нејзините песни.
Водителката ја праша Змијанац дали е вистина дека тие две се во тензичен однос, а одговорот на Весна изненади многумина.
– Знаете што, кога сакаме реклама се согласуваме. Јас и Брена отсекогаш сме биле конкуренти, ривали. Со тоа што Брена е шоумен, а јас пејачка, артист. Ние две се согласуваме да бидеме во конфликт. И тогаш драмата трае еден месец, седиме во ресторан и пиеме кафе. Или патуваме некаде во светот, истакна Весна.
Откако открила дека нивните караници биле лажни и исклучиво во служба на шоу-бизнисот, Весна истакна дека нејзината колешка ја повикала да учествува во документарниот филм „Лепа Брена и година на „Сладок грев“ што неодамна се емитуваше на телевизија Прва. Потоа ја нарече пејачка на лесни ноти!
– Ми се јави да кажам нешто за неа во документарецот. Ниту таа би можела да биде одлична без мене, ниту јас без неа. Имаме сосема различни кариери. Мојата публика е сериозна публика, која сака добра и сериозна песна. Публиката на Брена беше детска, таа ги пееше песните „Чачак, Чачак“, а јас „Сватови“, „Кад замиришу јорговани“ и сите тешки композиции.
Змијанац неодамна проговори и за односот со Брена.
– Помеѓу мене и Брена имаше ривалство само како добра конкуренција, но ние сме големи пријатели и секогаш добро се согласувавме – истакна Змијанац.
За потсетување, Весна Змијанац во поранешна Југославија важеше за една од најголемите ѕвезди. Таа беше почитувана од сите нејзини колеги и колешки, но најмногу од нејзиниот драг колега и пријател Дино Мерлин. Тој во една прилика и изјави благодарност до Весна што поради нивниот дует на добро познатата песна „Кад замиришу јорговани“ успеал да ја освои Србија.
Весна Змијанац беше во брак со хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, кој денес е во среќен брак со Зорица Брунцлик.
Сепак во 80-тите години на минатиот век Весна и Кемиш беа лудо вљубени.
Бракот помеѓу Кемиш и Весна траеше три и пол години, по што тие се разделија и тргнаа секој по свој пат.
Денес Кемиш е во среќен брак со Зорица Брунцлик повеќе од 35 години и важат за еден од најпопуларните парови на естрадата. Тие заедно ја имаат ќерката, Злата Аранѓеловиќ.
“Таа мудро молчеше, бидејќи сфати дека тоа да биде жртва ќе и донесе некаква корист. Тогаш и се здосади од тоа и се обидовме на различни начини да кажеме дека никој не зема ничиј сопруг. Дури и ја молев да се сретнеме за да и го вратам: “Како да тој не се прашува за ништо! Сите ове децении не успеавме да ги запреме приказните”, објасни неодамна Зорица Брунцлик во емисијата “Сценарио” и стави крај на приказните дека и го земала сопругот на Весна.
Првиот сопруг на Весна Змијанац е доктор по економија Владо Јовановиќ,со кој во 1989 година ја добиле Николија.
Со оглед на тоа што Николија тргна по стапките на нејзината мајка,нејзиниот тато никогаш се нема појавено во медиумите.
По разводот со Весна, Владо повторно се оженил и во вториот брак добил уште две деца.
Владо Јовановиќ никогаш не сакал јавно да се експонира , а не бил ни пресреќен дека неговата ќерка ќе се занимава со пеење, што тоа го потврдила и самата Николија.
– Мојот татко е „алергичен“ на се што е во врска со шоу-бизнисот, уште во периодот кога бил со мојата мајка. Тој како доктор на науки не би ме советувал да се занимавам со пеење, рекла своевремено Николија за еден магазин.