Кафе муабет

Весна Бејби ,,распaли” по властите: ИМАТЕ ЛИ ПАМЕТ БРЕ, НЕ МАЛТРЕТИРАТЕ СО ВАШАТА НЕСПОСОБНОСТ – ВИЕ СТЕ НЕНОРМАЛНИ, ДАЈТЕ СИ ОСТАВКИ

Актерката бесна : Дајте си оставки, ангажирајте страснки служби...

Популарната и позната актерка и водител Весна Петрушевска позната под прекарот Бејби денеска видно изреволтирана преку видео се обрати до власта.

Со свој пост на нејзините профили на Фејсбук и Инстаграм, им се орати на надлежните и побара да си дадат веднаш оставки.

 

,,Имате ли памет бре? Девет средни училишта, еден трговски центар,  Џевахир сити…Три месеци не малтритирате со вашата неспособност! Дојави за бомби…Вие сте ненормални! Побарајте помош од странски служби, од било каде, и дајте си оставки. Аман! Ова е ненормална работа што вие се’ правите! Колку сте вие неодговорни, неписмени, недоветни! Луѓе се во прашање, деца…Секое дете оди под стрес кога оди на училиште заради дојави на бомби”.

Три згради сега се симнавме долу, вие не знаете колку е тоа одвратно и страшно…

Со сирени, стари луѓе, не можат да одат, не можат да се симнат, не смеете лифт да употребите…

Важно има секој ден дојава за бомба а вие ништо не правите!
Можеби правите не знам, ама не ве гледам дека правите…

И дајте си оставки. Нека дојдат некои коишто повеќе знаат…’’, доста револтирано се обрати актерката во своето видео обраќање.

Инаку денеска дојава за поставени бомби имаше во станбениот комплекс ,,Џевахир’’ и трговскиот центар ,,Ист гејт мол”.

Дојава за бомби имаше и во Градскиот трговски центар, Министерството за надворешни работи и во неколку скопски училишта.

Училиштата веќе трет месец по ред добиваат закани за бомби, а минатата недела дојави за поставени електронски направи стигнаа и на адреса на Народната Банка, Железничката станица во Скопје и во неколку трговски центри.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close