Кафе муабет
Верица Шерифовиќ пресреќна: Ќе стане баба- Марија ќе роди бебе, сака да биде син
Марија сака да добие дете...
Откако во една емисија излезе на виделина одлуката на Марија Шерифовиќ да се оствари во улогата на мајка, јавноста не престанува да пишува за тоа, а Верица Шерифовиќ е преплавена од емоции, по што нејзината ќерка помислила на ваков голем чекор.
– Ова прашање е многу интимно, особено во овој случај. Со нетрпение го чекам тој момент, кој веројатно се ближи. Во принцип, се што има врска со дете е сериозна работа и со тоа нема шеги. Тоа ќе ми се случи на многу плански начин, кога ќе бидам подготвена да ја потчинам суштината на мојот живот на Шерифовиќ јуниор – изјави Марија во таа прилика, откривајќи дека сака син.
– Чекаше да ја најде вистинската личност со која ќе одгледа дете, но бидејќи тоа не се случи, а веќе има 37 години, реши да биде самохрана мајка. Животната желба на Марија е да има дете и тоа ќе се случи наскоро, таа ќе избере донатор и ќе се обиде во процесот на ин витро оплодување. Решила да живее со Верица, која ќе и помогне околу детето. Верица едвај чека да стане баба – вели извор близок до пејачката за Свет.
Сепак, пејачката се уште не се огласила во јавноста на тема ин витро оплодување.
Инаку неодамна Марија Шерифовиќ за српските медиуми открила дека направила ДНК тест и дека резултатите од истражувањето се многу интересни.
Пејачката во емисијата „Сценирање“ изјави дека отсекогаш имала голема желба да дознае се за нејзиното потекло.
Фамилијата Шерифовиќ беа богаташи во Врање и отидов да копам да видам кои се и што се, во градскиот музеј има разни работи од прабаба ми и прадедо ми, но ќе дознаам, бидејќи сакам баш прецизно да се занимавам со тоа…
Дури неодамна направив и ДНК тест, генетски тест, да видам од каде влечам корени. Тоа се прави преку плунка и тоа истражување трае околу 45 дена, а потоа ја добивате точната географија од каде потекнуваат вашите корени“, рече таа.
Пејачката додала дека за време на истражувањето што го направила дознала дека има проблеми и со глутенот.
„Значи, мене има каде ме нема… Не сум во Кина, Австралија и Нов Зеланд, но 60,9 проценти се во Грција и Балканот, што е логично со оглед на нашата историја. Така дознав и дека имам „Проблем со глутенот. Забавно е да се знае од каде доаѓаш“, рече таа.