Кафе муабет
ВЕНЧАНИЦИ ОД ФИЛМОВИТЕ КОИ ГО ОДЗЕМААТ ЗДИВОТ: Одберете фустан во кој ќе изгледате како холивудските актерки!
Најубавите венчаници од филмското платно
Секоја девојка сонува на својот посебен ден, денот кога ќе го каже судбоносното “ДА”, да има совршена венчаница.
Раскошна, гламурозна, со нежни детали во која ќе изгледате како од бајките, дали можеби и вие сте сонувале за ваква венчаница?
Филмскиот свет понуди голем избор на венчаници, кои се воедно раскошни и гламурозни, па можеби и вие ќе се одлучите за некоја од нив.
Секако не е лесно за една невеста да го одбере својот венчален фустан, па еве неколку предлози.
Оваа венчаница е дизајнирана од Вера Ванг за филмот Војна меѓу невестите во 2009 година, но изгледа безвременско и модерно, па и сега може да биде инспирација за венчаница со која ќе прошетате до олтарот на вашиот голем ден.
Вистински бум на филмското платно направи венчаницата на Кери Бредшо. Раскошна, со наболи во долниот дел од фустанот, отворен во горниот дел, и дава акцент на рамената. Оваа венчаница совршено одговара на послаби девојки кој сакаат да го истакнат горниот дел од телото.
Оваа венчаница беше креација на Вивиен Вествуд.
Во филмот Funny Face (1957) Одри Хепберн се појави во прекрасна кратка венчаница, која и денес може да биде ваш избор. Иако филмот е стар повеќе од 50 години, сепак оваа венчаница одлично би прилегала на девојка која не ги сака класичните долги венчаници со чипка и голема корпа.
Оваа галерија на венчаници од филмското платно, ќе ве воодушеви.
Погледнете ги во продолжение, па можеби ќе добиете инспирација за вашиот голем ден.
Совет плус: Еве како да одберете совршена венчаница!
Кога одбирате венчаница, задолжително одете со оној на кој најмногу му верувате и знаете дека ќе ви каже која венчаница најдобро ви прилега.
Секоја невеста се фотографира во венчаниците кои ги пробува, но еве мала помош. Наместо фотографија, направете кратко виде во секоја од венчаниците и така ќе видите како ви прилега.
Многу е важно во венчаницата да се чувствувате удобно. Затоа немојте да бирате венчаница која е претесна, предолга, и во која не може да се движите. Запомнете вие сте ѕвездата на венчавката и едноставно треба да блескате.
Според модните дизајнери, најсоодветни за секоја девојка се класичните венчаници кои изгледаат безвременско и по 50 години.
Доколку не можете да се одлучите, прашајте ги продавачите во салонот, тие сигурно имаат некој совет за тоа која венчаница најдобро ќе ви прилега според обликот на телото.
Доколку сакате да го истакнете вашето тело, модните дизајнери препорачуваат венчаница во обликна “сирена”.
Доколку сакате да ги прикриете колковите и стомакот, во тој случај одберете венчаница која ќе биде со широк долен дел.