Нега и здравје

Вашите нокти ќе ви покажат дали сте прележале коронавирус- научниците откриваат нови симптоми!

Таквите линии се развиваат во периодот кога телото се опоравува од инфекција...

Луѓето кои препознаваат јасна, хоризонтална линија по должината на ноктите, можеби претходно биле заболени од Ковид-19, вели Tим Спектор, кој го предводи група истражувачи од Кингс колеџот во Лондон, кои ја развија гореспоменатата апликација за да им помогнат да ги следат вообичаените и ретки симптоми на коронавирус.

“Дали вашите нокти изгледаат чудно? Ноктите на оние кои биле заболени од Ковид стануваат поизразени кога се опоравувате од инфекција и на нив се појавува јасна хоризонтална линија. Тие можат да се појават без осип на кожата и да дејствуваат безопасно”, напишал научникот на Твитер, пренесува Мирор.

Тој исто така објави фотографија на женски нокти на кои јасно може да се видат хоризонтални линии. Ноктите растат приближно во шестмесечен циклус така што секој кој е заразен со Ковид може да не ги забележи промените некое време по болеста. Таквите линии се развиваат во периодот кога телото се опоравува од инфекција.

Тие исто така можат да се појават како резултат на други болести, оние кои предизвикуваат висока температура како сипаници, заушки и треска. Може да се појават и кожни болести како егзема.
Сите веќе знаеме дека еден од симптомите на коронавирус е висока температура и дека тоа предизвикува промени на кожата кај одредени пациенти.

Од друга страна, овие линии можат да бидат предизвикани и од други фактори како што се неухранетост, нарушување на тироидната жлезда, дијабетес или анемија.

Важно е да се истакне дека не секој што имал вирус корона добива ваква линија на ноктите.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close