Кафе муабет
Васил го покажа вереникот: Објави први фотографии од човекот кој му го украде срцето- еве како изгледа (ФОТО)
Среќен е во љубовта...
Минатогодишниот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев пред извесно време откри дека неговиот партнер го запросил, а сега конечно го покажа во јавност.
Васил постојано зборуваше дека е заљубен и среќен но никогаш не го откри партнерот, се до сега.
Васил на својот Фејсбук профил објави албум со фотографии на кој е заедно со вереникот а во описот на фотографиите напиша “Двајцата станаа едно”, што предизвика сомнеж дека можеби веќе стапиле во брак.
Иако не криеше дека е вљубен, сепак кога бил запросен од партнерот истакна дека е малку шокиран од целиот настан, посебно што не очекувал да му се случи љубов.
Инаку Васил покрај тоа што работи на својата соло кариера тој е и успешен оперски пејач со интернационална кариера. Многумина од нас пораснаа со неговата детска песна „Марионка“ која пред повеќе од две децении ја испеа на „Златно славејче“.
Мајките и ќерките и тогаш и сега беа воодушевени од неговиот беспрекорен глас – тогаш како симпатично детенце кое ја испеа една од најпознатите детски песни на сите времиња која и денес е голем хит во нашата земја, сега како извонреден пејач кој со своите песни и ангелски глас никого не остава рамнодушен.
Денес Васил Гарванлиев е успешен оперски пејач со интернационална кариера, има настапувано со најпознатиот светски челист Јојо Ма.
-Музиката ми е животот, многу сум благодарен што од многу мал препознав за што сум роден и каков талент поседувам- изјави пред извесно време во интервју за Гламур.мк.
Вели дека телото го одржува со вежбање и пиење вода.
Теретана. Вода. Медитација. Многу често кога сум во Скопје го започнувам денот трчајќи покрај кеј. Во Струмица теретана 5-6 пати неделно.
Вода вода и вода. (на паузите благо). Цело време каде и да сум имам големо шише вода со мене 4-5 литри на ден минимум.
Покрај тоа пробувам и колку што можам да практикувам мирни моменти на дишење дури да е 1-3 минути на ден. Тоа ми помага да се проверам & слушнам самиот себеси и продолжам со денот.