Новости
Ване Цветанов минува низ тежок период: “Читам библија и се молам на Бог, сам готвам и перам” – поранешниот на Дунавка откри каде се наоѓа по разрешувањето од функцијата
Моментално се наоѓа во земја членка на ЕУ...
Некогашната Мис Македонија, Дунавка Трифуновска и нејзиниот партнер, поранешниот директор на финансова полиција, Ване Цветанов беа доста интригантни за македонската публика, која го знаеше буквално секој нивен чекор.
За нивната врска се пишуваше многу, се чинеше дека двајцата се лудо вљубени но на крајот сепак ставија крај на љубовта.
Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов сега за Репортер.мк изјави дека моментално се наоѓа во земја членка на ЕУ каде бара азил.
Јавноста е запознаена дека поранешна сопруга на Цветанов му беше менекенката Дунавка Трифуновска, поради која на некој начин и беше разрешен од владината функција во март минатата година.
Ване ја имаше ангажирано Дунавка да му помага во институцијата во Владата со која раководеше речиси три години па поради тоа и беше разрешен од позизијата за што потврдија и од Владата.
Имено, Цветанов ја ангажирал невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања, а вршел и незаконски јавни набавки со кои го оштетил државниот буџет за 75 000 евра.
„Јас сум во моментов во земја членка на ЕУ, но, поради интерес на постапката за азил не смеам да откријам во која“, рече Цветанов за Репортер.мк.
„ Запознавањето други луѓе и култури е најинтересниот дел. По голем број поминати кампови и спиење во шатори сега сум во една зграда во која има 30 семејства и десетина самци. Имаме посебни соби за спиење, а користиме заеднички кујни, тоалети, купатила. Не е лесно, но се снаоѓам. Голем дел од животот сум го минал по интернати, студентски домови, па не ми е проблем да си ги перам алиштата во машина, уживам во готвење секој ден, читам библија и се молам на Бог“, вели Цветанов во разговор за Репортер.
Цветанов посочи дека не планира да се врати повторно во Македонија а за Репортер.мк истакна дека најмногу го погодува целата ситуација поради децата.
„Децата се 13 и 14 години, разбираат сè, ја знаат состојбата, знаат што ме чека ако се вратам во Македонија дека ќе можат да ме гледаат на посети во затвор“, рече Цветановски.
Да потсетиме, неодамна Цветанов на социјлните мрежи реши да ја покаже новата љубов.
„Животот е еден и треба да се живее. Бранко Црвенковски“, напиша Цветанов на својот фејсбук профил, заедно со фотографијата на која тој е прегрнат со неговата нова партнерка.