Кафе муабет

Важи за една од најубавите жени на Балканот а сега ги шокираше сите: Пејачката се омажи за сама себе- направи традиционална свадба а еве како изгледаше како невеста!

Сенида сними интересен спот...

Сенида Хајдарпашиќ попозната како Сенида, за неколку години создаде кариера за која многумина можат само да сонуваат.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Со својот уникатен стил, глас и стас предизвикува воздишки каде и да се појави. Важи за една од оние жени со облини кои ги померуваат границите на совршен изглед. Таа го има најзгодното тело и не ги крие своите атрибути, напротив гордо позира и покрај тоа што не е слаба и висока како оние модели од модните писти.

фото инстаграм/Senida_h

На нејзиниот изглед не одолеа ниту еден од најпознатите регионални изведувачи Дино Мерлин, кој имаше голема желба да сними песна со пејачката.

фото инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Сенида продолжи да поставува рекорди, кои ги покажа со мега хитовите кои бројат неколку милиони прегледи на музичка платформа YouTube. Сега на ред е новата песна ‘Два прста’ која деновиве ѝ ја претстави на публиката и која ветува многу.

фото инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Сенида за магазинот Стори сега откри досега непознати детали од приватниот живот.

Објавена е нејзината нова песна која ја претстави со феноменален спот, а Сенида откри колку се подготвувала за овој проект и дали на крајот била задоволна.

фото инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

– Снимањето на спотот беше напорно, костимите беа креирани за мене, а бидејќи постојано бев на пат за концерти, на паузата меѓу летовите брзав на пробите на костимите во Љубљана.Презадоволна сум, спотот го режираше Љуба Стефановиќ по нашата одлична соработка за песната „Бехуте“. Навистина уживав во инспирацијата на оваа приказна, која всушност е дел од моите разновидни корени. Бракот е прикажан низ обичаите на целиот наш крај, а јас сум невеста во прикажувањето на сите тие традиции.

фото инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

– Апсолутно учествувам во креирањето и развојот на идеи за моите песни и спотови. Сакам кога сум во тоа и кога ги раскажувам моите приказни преку се што правам, бидејќи музиката ја доживувам сосема лично и така останувам јас во се што правам.

фото инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Понекогаш е ранлива, среќна, лута, тажна… Таа во своите песни изразува широк спектар на емоции, па Сенида откри што најмногу ја инспирира.

фото инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

– Животот, мојот живот, моите емоции, искуства. Моите емоции се често измешани, во тагата чувствувам љубов, во љубовта тага, потоа преку гнев доживувам ранливост, а од таа ранливост тага, која повторно се претвора во љубов. И така натаму. За да создавам музика, инспирирана сум од детството, семејството, приказните и разговорите кои остануваат во мене како спомени кои се секогаш тука.

фото инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

На прашањето дали е среќна и заљубена, Сенида дала краток одговор „секогаш“, а на прашањето што е најлудото нешто што го направила за љубовта, дала многу интересен одговор.

фото инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

– Се омажив, но за себе. Токму тоа е темата на мојот нов спот и песна „Два прста“.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Инаку Сенида е родена е во Љубљана, а нејзините родители се од Црна Гора.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

– Се дружам со луѓе чии родители се од различни делови на Југославија. Моите се од Црна Гора, одев таму два пати годишно – изјави Сенида, која ретко зборува за својата приватност и потекло.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

– Се трудам да избегнувам интервјуа и комуникација со медиумите. Моите блиски луѓе ја знаат мојата приказна, на другите им раскажувам за сè преку музика – изјави еднаш пејачката.
Семејството Хајдарпашиќ потекнува од Бихор од околината на Бијело Поље.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Според медиумите, нивниот предок е Хајдар-паша Селим. Дошол во Бихор со султанскиот берат во 1689 година со двесте коњаници и 1.600. сејмена пешадија. Роден е во Ајвалук, Анадолија. Тој имал задача да ги задуши честите побуни на Србите на таа територија.

фото инстаграм/Senida_h

Потомците на Хајдар Паша се доста бројни и ги има низ цела Црна Гора, Србија, Босна, а многу од нив се преселиле во Турција.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Сенида (34) на музичката сцена се појави во 2010 година со синглот „Пустина“. Долго време и требаше да постигне успех бидејќи „трап“ музиката на овие простори не беше толку популарна. Голем успех доживува дури во 2018 година, кога ќе се појави нејзиниот хит „Слаѓана“, а потоа и албумот „Без тебе“, како и последниот голем хит „Мускули“.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Сенида е се попопуларна на Балканот и таа дефинитивно е една од оние sвезди кои ги поместуваат границите кога станува збор за стилот и женската убавина.

фото Инстаграм/Сенида Хајдарпашиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close