Дом и семејство

Важеа за хармоничен пар а сега таа донесе крајна одлука: Нема да верувате што направи сопругата на познатиот водител- овие фотографии кажуваат се з анивниот брак

Сандра и Милан ги насмејаа обожавателите...

Јавноста секогаш ја интересираат деталите од врската на Милан Калиниќ и неговата поубава половина, а сите се прашуваат дали се е хармонично и совршено како што изгледа на прв поглед.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

Со оглед на тоа што се во брак 16 години, а неодамна прославија годишнина, многумина се прашуваат кој е нивниот рецепт за долгогодишниот брак и дали имало тешки моменти.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

Милан Калиниќ може слободно да каже дека е среќен човек бидејќи после деценија и пол брак тврди дека не би променил ниту една секунда помината со сопругата.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

Сандра Калиниќ важи за убава и негувана жена. Милан призна дека бил крајно љубоморен.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

– Секако, би ми пречело некој да се обиде да ја премине границата на добро воспитување, но што не е во ред ако на убава жена реагира културно, како што, на крајот на краиштата, јас самиот го правам тоа. Тоа го сфаќам како комплимент. Мојата сопруга има четириесет години, заедно сме скоро дваесет години, а таа е, на сленг, „врвна риба“. Сандра е една од најженствените, најубавите жени во Белград. Каде и да се појавиме таа е или најубава или меѓу трите најатрактивни. Тоа може само да импресионира вистински маж, кој е сигурен во себе, а пред се оној кој ја сака својата сопруга.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

– Не „ѕверам“ наоколу, но сакам да гледам. Тоа го правам и пред Сандра. Впрочем, понекогаш коментираме заедно – откри во една прилика Милан.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

Секогаш кога имал простор да зборува за бракот и семејството, актерот и водител не пропуштал да ја пофали избраничката прво за нејзиниот изглед, потоа за тоа колку е паметна и вредна и на крајот секогаш посочува колку таа се жртвувала како мајка и домаќинка.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

Во епитетите кои ги добива Сандра Калиниќ можеа да се уверат само најблиските пријатели и роднини на брачната двојка, а неодамна на изненадување на многумина сопругата на Милан Калиниќ сподели едно видео со своите следбеници на „Инстаграм“, кое актерот го направи за неа.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

Имено, комичарот објави видео од неговата избраничка од семејниот дом, додека таа го глетува таванот. Во описот на видеото тој напиша дека во ова време тешко се наоѓа добар мајстор, тој се пошегува со сопругата, додека таа му викна дека ако не престане да ја снима, ќе му наплати по час.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

Целата оваа импровизирана ситуација на хармонични сопружници ги насмеа обожавателите на Милан, кои им посакаа на емотивните партнери да останат долго во брак и да останат весели и среќни заедно.
Сандра во една прилика откри дека имало тешки моменти во бракот а актерот бил на мета на женски погледи:

фото инстаграм/Милан Калиниќ

-Ние двајца на почетокот бевме пријатели, па се забавувавме година и пол, по што решивме да успееме. Тој што вели дека немало тешки моменти во толку години брак, лаже затоа што тоа не е можно. Двете страни треба да поминат многу. Се разбира, жените се потолерантни, особено кога мажот е како мојот сопруг. Милан е постојано на мета, сака да дава комплименти и е опкружен со убави жени кои се мачат да бидат во негово друштво затоа што е забавен и шармантен – изјави Сандра за „Глорија“.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

Сепак, љубовта меѓу двајцата продолжува и тие успешно ги надминуваат сите тешкотии.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

– Секако, имаше и многу тешки моменти, но поради убавите би ги повторил сите. Кој би рекол дека тоа го кажува некој кој секогаш тврдел дека бракот е „ненормален феномен“ … но истото го мислам и денес, но многу нешта научивме во бракот… Не шетаме голи по улиците затоа што нè научиле да не го правиме тоа, иако тоа било нормално за нашите далечни предци. Кога ќе го погледнете бракот од повеќе аспекти, доаѓате до заклучок дека тоа не е нешто што ни е блиско, особено на мажите. Да не бев таков каков што сум, пред се, да немам пријател во Сандра, одамна ќе се вратев на „машката природа“. Од друга страна, ние сме суштества со размислување, социјализирани, знаеме да ги доведеме во ред нашите инстинкти, па го правиме она што е во спротивност со исконските импулси. На почетокот, кога јас и Сандра „флертувавме“, не можев да знам каков човек е. Сега, кога поминаа многу години, среќен сум што до мене имам вистинска пријателка, одлична мајка на моите деца. Посебно сум изненаден од односот што го има со моето семејство. Имам чувство дека мајка ми ја сака Сандра повеќе од мене во моментов. Од друга страна, и јас одлично се согласувам со нејзиното семејство – изјави еднаш Милан, па ја откри тајната на својот 16-годишен и бурен брак.

фото инстаграм/Милан Калиниќ

– Ме прашуваат во што е тајната. Еве во ова кога после 16 години уште вака се смее со тебе. Тоа е ТАЈНА – напиша тој под фотографијата објавена по повод годишнината.

фото инстаграм/Милан Калиниќ
Фото Инстаграм/kalinic.milan72
фото инстаграм/Милан Калиниќ
фото инстаграм/Милан Калиниќ
фото инстаграм/Милан Калиниќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close