Кафе муабет
Бpyтални коментари кон Сара Џесика Паркер: Дали треба да исчезнам?
Таа истакнува дека таа и нејзините колешки се мета на критики или поради премногу брчки или затоа што другите колеги воопшто ги немаат...
Откако неодамна во медумите се појав веста за продолжението на серијата „Сексот и градот“, многу од фановите започнаа со критики упатени на адреса на Сара Џесика Паркер која ја играше улогата на Кери Бредшо.
Имено актерката се најде на насловната страница на декемврискиот „Вог“ во 2021 година и реши да им одговори на сите кои ја критикуваа за нејзиниот изглед.
Во разговорот се осврна на негативните коментари кои се појавија на социјалните мрежи по најавата за продолжување на серијата „Сексот и градот“.
Воглавно, овие коментари беа насочени кон возраста и изгледот на главните актерки Сара и нејзините колешки Синтија Никсон и Кристин Дејвис.
– Имаше толку многу мизогински коментари за нашиот изглед кои никогаш не би биле упатени до маж. Воопшто не знам што да им кажам на овие луѓе. Седа коса, седа коса, седа коса. Дали таа има седа коса? Седам со Енди Коен, а тој има полна глава седа коса и никој не се прашува зошто – рекла актерката.
Сара додаде дека е тешко да се справиш со коментари на социјалните мрежи бидејќи секој има поплака. Таа истакнува дека таа и нејзините колешки се мета на критики или поради премногу брчки или затоа што другите колеги воопшто ги немаат.
– Изгледа речиси и да не сакаат да бидеме во ред со себе, без разлика дали ќе избереме природно стареење или не. Знам како изгледам. Немам избор. Што треба да направам за тоа? Стоп за стареење? Јас исчезнувам? праша таа.
Инаку Сара важи за исклучително елегантна дама, со префинет вкус, со витко мускулесто тело, и секогаш изгледа убаво и средено.
Таа е во брак со Метју Бродерик со кои има и три деца, а нејзиниот најголем син, Џејмс неодамна го прослави полнолетството.
Сега е сопственик на голем број свои бутици низ Америка и успешно работи и на својот бренд за обувки SJP by Sarah Jessica Parker.
Нејзините модели се идеални за сите пригоди, со акцент на елеганција, какви најчесто носеше и Кери Бредшо во популарната серија „Сесот и градот“.
Инаку актерката неодамна искрено проговори за улогата во оваа серија, и рече дека иако се стекнала со голема слава, сепак тоа и направило многу проблеми.
– Лекарот ми рече дека моето стапало прави работи што не треба, и дека не ми се сите коски на свое место. Тоа си го „направив“ себе си по години носејќи модерни чевли на снимањето на серијата. Сега ќе морам со вежби и терапија да го коригирам она што си направив – рече Сара, нагласувајќи дека Кери Бредшо „и го загорчила животот“.