Кафе муабет
Брижит Макрон ја носи во најмодерната комбинација оваа сезона- еве зошто сите гледаа во неа, покажа што е ДАМА СО СТИЛ
Секогаш елегантна и умерена кога е во прашање стилот...
Првата дама на Франција, 69-годишната Брижит Макрон важи за една од најдобро облечените жени во светот, а од ден на ден со своите минималистички моќни изданија докажува дека оваа титула е оправдана!
Брижит заедно со нејзиниот сопруг моментално е во официјална посета на Италија а покрај бројните службени обврски, парот најде време и да го посети познатиот Колосеум во Рим.
За оваа прилика Брижит направи одличен моден избор и уште еднаш покажа зошто важи за една од омилените дами кога станува збор нејзиниот стил.
Доволно елегантна и во склад со нејзината функција, а сепак со примеси на лежерност неопходна за неформални прилики Брижит се прошета со својот сопруг рака под рака.
Имено, г-ѓа Макрон прошета во совршено скроен морнарски костум, со панталони и струкирано сако, а оваа елегантна комбинација ја комплетираше со префинета бела кошула со руска јака и златни копчиња.
Сепак, деталот што ја направи оваа комбинација особено привлечна и модерна се белите патики со подебел ѓон – модел кој е многу актуелен оваа сезона. Патиките внесоа доза на ноншалантност и релаксација во оваа облека, правејќи ја поудобна за носење и погодна за дадената ситуација.
Брижит ја комплетираше комбинацијата со темна, кожна чанта, и луксузни очила за сонце. Што мислите за ова издание?
Инаку Брижит Макрон неодамна на еден настан во Париз, повторно ја разбранува јавноста облечена во класичен, неутрален блејзер кој им пркоси на трендовите, едноставни црни панталони, кратки чизми кои исто така се тренд оваа есен.
Практичен и елегантен модел на обувки, судејќи по тоа колку често се гледа на улица, спаѓа во групата на најбараните модели во Македонија.
Брижит Макрон покажа колку малку е потребно за да изгледа убаво, односно да се избере облека која ги следи правилата на добар стил.
А кога ќе донесете толку едноставна комбинација, можете да ја надополните со впечатлив накит – исто како што тоа го направи сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон.
Брижит Макрон посети училиште во Париз и со тоа го поддржа Европското здружение за леукодистрофија, ретка болест.
Заљубени како и првиот ден
Биографијата на францускиот претседател Емануел Макрон открива детали за неговата врска со 25-години постарата сопруга Брижит Макрон.
Автор е францускиот новинар Гаел Чакалоф (49), кој се спријатели со Макрон во 2016 година, а будно ги следеше последните година и пол и напиша биографија „Се додека сме заедно“.
Макрон и Брижит се многу поврзани, имаат заеднички распоред и знаат од минута во минута што прави другиот. Тие се убедени дека нивната врска ја подобрува нивната индивидуалност. Претседателот оди во кревет откако разговара со жената која е заљубена во него. Таа понекогаш заспива и воопшто не го слуша што зборува, но најчесто го чека. Макрон и се јавува на сопругата на секој час и половина, а сите одлуки и чекори ги преземаат заедно.
Напишана е уште една биографија за првата дама на Франција, нејзината младост и врската со нејзиниот сопруг. Автор е француската новинарка Маел Браун.
– И двајцата се многу интелигентни, поврзани на различни нивоа и покрај сето тоа, се многу заљубени. И двајцата сакаат книги и читање и нивниот пристап кон животот е токму тоа. Кога разговарате со Брижит или Емануел, нивниот говор е полн со литературни алузии. Мојата книга не е политичка книга, туку книга за љубовта. Кога ги гледав заедно, а ги гледав често, секогаш се допираа и бакнуваа по образ, откри авторот на книгата.
– Зборуваат кога и колку можат, дење и ноќе. Нејзината канцеларија се наоѓа во женското крило на приземјето на Елисејската палата, а неговата е на првиот кат, па често се гледаат, наведува авторот.
Иако Макрон е близок со својата мајка, неколку пат низ книгата се провлекува мајчинската грижа на Брижит кон Макрон. Авторот истакнува дека мајката на Макрон и Брижит која е три години помлада од нејзината свекрва, имаат пријателски односи. Емануел напишал и еротски роман за својата сопруга пред да ја освои.
-Го познавав од видување, еден ден ми дојде тој непослушен тип и ме замоли да напишам околу 300 страници прилично еротски и валкан роман. Имињата беа сменети, но беше јасно дека тоа е нешто низ што поминува сам, изјави поранешниот сосед на денешниот француски претседател Емануел Макрон.
Младиот тинејџер, Макрон, го донел својот ракопис на соседот кој се занимавал со пишување, во кој пишува за жена во која се заљубил една година претходно – 24-години постарата професорка Брижит, која била мажена и мајка на три деца.
-Книгата не е направена со помош на госпоѓа Макрон, иако таа одговори на некои прашања кога ги испратив во нејзината канцеларија. Сакав да го тргнам превезот на тајноста од една многу комплицирана личност. Ме интересираше се, од тоа како се заљубила во својот ученик до нејзиниот интерес за музика, бидејќи нема рок концерт на кој госпоѓа Макрон не оди, дури и тајно, изјави новинарката која книгата ја нарече „Брижит Макрон, ослободена жена“.
Брун разговараше со околу 50 „сведоци“ – од нејзините поранешни студенти, соседите во градот каде што живееше, до познаниците на нејзините деца од нејзиниот прв брак, кои, наводно, од самиот почеток ја поддржуваат врската и бракот на нејзината мајка со Макрон.
Првите страници од книгата ги опишуваат приказните на колегите студенти од приватно католичко средно училиште во Амиен за тоа како 15-годишниот Макрон бил опседнат со брилијантната професорка по литература и драма, и како нејзиниот сопруг, банкарот Андре-Луис Озиер, реагираше на нивната афера.
– Видовме дека се пријатели, дека разговараат после часовите и имаат заеднички интереси, но никој тогаш не помисли дека тоа е вистинската врска, велат поранешните колеги.
Кога родителите дознаа за чувствата на Макрон, тој беше испратен во Париз, каде цврсто одлучи на Брижит да покаже и докаже зошто тој е добар избор за неа.
Познавачите на овој пар велат дека идејата за политичка кариера произлегла од таа потреба, за да и се докаже на саканата жена. Посебно е интересно да се дознае дека тинејџерот Макрон ги опишал своите чувства во споменатиот роман, чиј примерок наводно никој, па ни Брижит не го сочувала, бидејќи, наводно, нејзиниот сопруг бил многу незадоволен од напишаното.
– Многу луѓе ме заобиколија на почетокот на нашата врска, се ми се збореше зад грб, а моите браќа и сестри ја презедоа улогата на заштитници и родители кои повеќе ги немав. Сепак, сето тоа беше залудно, бидејќи кога нешто цврсто ќе одлучам, тогаш го правам тоа, изјави во едно интервју Брижит Макрон, која со својот сопруг е во брак од 2007 година, а тие посвоија куче по име Немо.
Според познавачите, двојката Макрон е вљубена како првиот ден.