MAMA

Брзината со која се движите може да укаже на тоа дали имате поголем или помал ризик за да заболете од КОРОНА

Резултатите од неодамнешната студија покажуваат дека брзината со која се шета едно лице може да укаже дали е склон кон потешки или благи форми на инфекција со коронавирусот.

Научниците тврдат дека брзината со која шетате може да укаже на тоа дали имате поголем или помал ризик од корона

Тим стручњаци анализирале податоци од Велика Британија.Резултатите од неодамнешната студија покажуваат дека брзината со која се шета едно лице може да укаже дали е склон кон потешки или благи форми на инфекција со коронавирусот.

Брзината на движење е често главниот индикатор за физичкото здравје на една личност, поради што тим научници ги анализирале податоците на повеќе од 400.000 лица во британскиот регистар на компанијата „Биобанк“ во Велика Британија, која со години го следи здравјето на испитаниците.

Така, тие дошле до податоци дека најголем ризик за развој на тешка форма на „Ковид-19“ е кај луѓе кои одат полека, без оглед дали се дебели или не.

На пример, луѓето со нормална тежина кои одеа полека, или помалку од 4,8 километри на час, имаа двојно поголема веројатност да развијат потешка форма на Ковид-19 од луѓето со нормална тежина кои одеа побрзо, или 6,4 километри на час. Луѓето кои одеа побавно имаат поголема веројатност да заболат и од  други здравствени нарушувања.

– Брзината на одење е едноставна мерка на функционална способност и се чини дека е фактор на ризик за тежок коронавирус, без оглед на тоа дали некое лице е дебело или не – велат авторите на студијата, која сè уште чека преглед.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close