Кафе муабет

Братот на Новак Ѓоковиќ и неговата девојка споделија убави вести: Честитки пристигнуваат од сите страни, сите се пресреќни!

Ја слават првата годишнина...

Ѓорѓе Ѓоковиќ и Сашка Веселинов уживаат во Хрватска од каде таа објави емотивни фотографии по повод нивната прва годишнина.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Братот на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе и неговата девојка Сашка Веселинов ја слават првата годишнина од нивната врска, а таа не крие колку се среќни заедно.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

На една од заедничките фотографии тие позираа со папагал на рамениците.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

– Ни недостига Пипи, напиша Сашка во описот.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Сашка неодамна откри и дека почнала да живее заедно со Ѓоковиќ.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

– По еден месец врска се вселивме во заеднички стан, па немаше криење, но што се однесува до медиумите, немаше потреба да се експонираме. Верувам дека кога некој премногу ја покажува својата врска, кога пишува цитати и ја изразува својата љубов на социјалните мрежи, не е тоа,тоа. Не ми треба такво нешто, затоа што љубовта ја живеам дома. Значи, додека не не фативте, не знаевте.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Многумина шпекулираа како новата снаа на Ѓоковиќ се вклопила во семејството и каков е односот меѓу Јелена Ѓоковиќ и Сашка Веселинов. Заносната русокоса сега реши да открие се.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

– Не може да ме погодат приказните за нашиот конфликт бидејќи навистина имаме добри односи. Одиме и на патување сите заедно и со децата. Ги обожавам нивните деца и тие ме обожаваат мене. Штом се запознавме, некако кликнавме и сме вистински пријатели. На една неодамнешна прослава го грабнавме микрофонот затоа што сите пред нас го направија тоа и јас реков: „To mi nije trebalo. Знаеш, знам, добро, ќе го направиме тоа“. Значи, навистина имаме одличен однос, истакна Сашка за Телеграф.рс.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Неодамна пак убавата водителка на социјалните мрежи сподели фотографија и изненади многумина.
Сите следбеници беа во шок кога ја видоа фотографијата во сино бикини, но сите се прашуваа само едно.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Бремена ли е Сашка Веселинов? Социјалните мрежи буквално се блокираа, откако девојката на Ѓорѓе Ѓоковиќ објави фотографија во костим за капење, на која пишува „It’s a boy“.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

И додека некои се прашуваа што ќе каже баба Дијана, дека веста ја дознава од социјалните мрежи, а не од идната снаа, имаше и помудри кои препознаа маркетиншки трик во гестот на идната снаа на семејството Ѓоковиќ.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Имено, Сашка Веселинов се испроба во дизајнирање и лансираше линија на атрактивни костими за капење. Меѓу другото, таа креирала и костими за невести, деверици и идни мајки.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Сашка стана присутна во медиумите како девојка на Ѓорѓе Ѓоковиќ и привлече големо внимание, јасно беше дека позирајќи во костим за капење најавувајќи го доаѓањето на наследникот, може да ги разбранува мрежите и медиумите и на тој начин да ја претстави својата колекција на најдобар можен начин.

фото Сашка Веселинов/Инстаграм
фото Сашка Веселинов/Инстаграм
фото Сашка Веселинов/Инстаграм
фото Сашка Веселинов/Инстаграм
фото Сашка Веселинов/Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close