Кафе муабет

“Бракот ми дава сила да се борам”: Ја паметите малата Илма Карахмет?!- се омажи на 18 години, еве како изгледа сега (ФОТО)!

Гради успешна кариера и е среќна во љубовта...

Сите ја паметите малата слатка Илма Карахмет. Денес таа има 22 година, победи во шоуто „Звијезде“ на RTL во 2018 година и доби парична награда од 100.000 куни.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Таа се омажи на 18 години а денес храбро ја гради својата кариера во странство.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Илма неодамна ги освои срцата на Дин и Ден Катен, дизајнерите на брендот Dsquared. Модните близнаци ја слушнаа како пее во Минхен и набрзо ја поканија да ги почести со својот глас на нивна прослава.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет
фото Инстаграм/ Илма Карахмет

– Соработката дојде случајно. Имав концерт во Минхен, каде што се појави еден од браќата. Се запознавме, тој беше воодушевен од мојот глас. Ги прегледаа сите мои видеа и ме поканија да им бидам гостинка на нивната роденденска забава – изјави Илма за српските медиуми.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет
фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Илма не крие дека посебна поддршка и дава сопругот Седин Лакача.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

– Мојот сопруг е мојата најголема поддршка и тоа можеше да се види за време на натпреварот. Има толку многу емоции кои живеат меѓу нас. Мислам дека ја имам најпрекрасната личност до мене и горда сум на тоа – изјави претходно таа за Вечерњи лист.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

– Откако сум во брак, животот ми стана многу полесен. Јас и сопругот сме доста организирани и водиме сметка за сè, особено кога станува збор за мојата работа и заедничкиот живот. Благодарна сум на сопругот за сè, а особено за неизмерното внимание, љубов, искреност и поддршка во работата што ја работам, тој е секогаш тука за да ми помогне. Оние кои го следеа тоа шоу можеа да видат каква поддршка имав од него за време целиот натпревар, и во приватниот живот е така. Неговата поддршка ми значи многу, и некако сè оди полесно кога сме заедно – рече Илма.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

-Се омажив од љубов и на секого би му посакала да биде среќен како јас. Тој секако, покрај моите родители, ми ја дава најголемата поддршка, бидејќи сум жена и неговата машка рака ми треба“, откри Илма.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Пејачката е родена во Травник, но детството го поминала во Кисељак.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Оваа млада босанска ѕвезда своите први чекори во музиката ги направи со учество на музички фестивали и натпревари.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Илма на само 13 години се појави како најмладата учесничка на натпреварот „Х Фактор Адриа“ каде ги освои симпатиите на целиот регион. Последното музичко натпреварување во кое учествуваше Илма беше „Ѕвездите на RTL“, во кое извојува убедлива победа.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Нејзините песни како „Ništa tvoje“, „Neko nije“, но и дуетската песна со Мирза Селимовиќ „Mora da je ljubav“ на платформата YouTube имаат милионски прегледи.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Во меѓувреме, Илма има освоено бројни награди за нејзините музички способности. Таа во интервју за босанскиот портал Азра.ба откри дека талентот за музика го наследила од нејзиниот татко Џенан.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

– Музиката ја сакам уште од дете, кога заедно со татко ми Џенан пеев многу песни и севдалинки. Уште тогаш се појави љубовта кон музиката, а татко ми всушност го откри мојот талент и, како што вели денес, уште тогаш бил свесен дека ќе направам нешто добро. Неговата поддршка и насоки ми помогнаа многу да ја работам оваа работа денес на овој начин, што може да се види преку моите песни и она што сум го постигнала досега. Како дете слушав странска музика и секогаш сакав песни од Мараја Кери, Витни Хјустон, Квин, Стинг, Бруно Марс и други. Денеска можам да кажам дека посакувам успешна кариера и ја градам онака како што мислам дека е најдобро, бидејќи верувам дека патот до квалитетната кариера е многу тежок  и дека треба да се гради самостојно, посветено и најдобро што можете.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

На прашањето колку и е тешко да се усогласат семејните и брачните обврски таа вели дека сопругот е тој кој и е најголема поддршка а бракот и дава сила.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

– Кај мене се е усогласено, вклучително и бракот, што не ми создава товар, но ми дава значителна сила да се борам и да ги градам соништата. Искрено, многу е полесно да се изгради кариера кога имате хармоничен брак и поддршка од вашето семејство. Нема ништо поубаво од љубов, хармонија и поддршка.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Илма открива дека во слободно време сака да спие и да поминува време во теретана.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

– Кога ќе се изгаснат рефлекторите, тогаш едвај чекам да заспијам, обично ме обзема уморот поради сите подготовки и обврски кои ги носи сето ова. Во слободното време тренирам и водам здрав живот. Сакам животни, особено мачиња па често си играм со нив кога имам прилика. Често во слободно време сакам да свирам клавир и да го вежбам она што го работам, а тоа е пеењето.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close