Кафе муабет
Бојана Родиќ ги засени сите присутни: Се појави на славата на Цеца и одржа модна лекција!
Сестрите Родиќ се појавија на слава кај Цеца...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ го прослави Свети Никола во кругот на семејството во својата куќа во Белград.
На прославата меѓу другите се појави и Мирко Шијан со својата сопруга Бојана Родиќ.
Со ова паднаа во вода сите шпекулации дека тој и неговиот кум Вељко Ражнатовиќ не се во добри односи.
Секако, Мирко се појавил во друштво на невенчаната сопруга Бојана Родиќ, додека неговата баба Гоца Божиновска се согласила да остане дома за да се грижи за внукот Зоран.
Бојана се појави во ултра модерна комбинација и ги засени сите гости. Таа се одлучи за многу модерна комбинација на облека која вклучуваше панталони и сако во цветен дезен, додека горниот дел го спои со чевли во т.н. „голи“ нијанси.
Како што пренесуваат медиумите, Вељко синот на Цеца, цел ден го поминал во својот дом за да и помогне на мајка си околу подготовките за славата.
На славата беа и сестрите на Богдана, Бојана и Наташа, а како изгледаа сите три погледнете во продолжение:
Ккао што можеше да се забележи од видеата и фотографиите кои ги споделуваше пејачката присутните, во домот на Ражнатовиќ било многу весело а како секогаш сите беа добро скоцкани.
Внимание привлече и ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ која за оваа пригода одбра црн фустан свечен фустан и беше поприлично расположена и весела за нивната куќна слава.
Носеше фустан кој го откри едното раме, а совршената шминка дополнително ја истакна нејзината убавина.