Кафе муабет

Болна исповед на познатата фолкерка: Маја Николиќ раскажа се за животот во Америка- Го почувствував духот на Холивуд, постигнав врвна кариера но изгубив две деца!

Поради грешка на лекарите...

Познатата пејачка Маја Николиќ (47) го добила синот Новак (25) во бракот со музичарот Мирко Шќепановиќ од кој се развела кога момчето имало само една година.

фото инстаграм/ Маја Николиќ

По многу тешка борба и загуби, таа на свет го донесе Лазар (15) на својот втор сопруг Вук Кандиќ, со кој не е во брак 14 години.

фото инстаграм/ Маја Николиќ

– Да беше Божјата волја денеска ќе имав пет деца! Имав три спонтани абортуси пред да го родам Лазар. За тоа ги обвинувам американските лекари бидејќи згрешија сите три пати! Во тоа време, живеев во Сан Диего и бременоста ја водев во болница во тој град. Редовно давав крв за анализа и одев на ултразвук. Кога ќе стигнаа резултатите, лекарите ми рекоа дека се е во ред, но не беше. Не ги примав вистинските терапии и ги изгубив бебињата – ја започнува својата шокантна исповед Маја и додава дека и самата за малку ќе го загубела животот поради американските лекари:

фото инстаграм/ Маја Николиќ

– Докторите ми пишаа дека бременоста не ми е ризична, дека бебето е здраво и рекоа дека можам без проблем да летам со авион. Затоа решив да одам во Белград и да се видам со семејството и пријателите. Убедена дека се ќе биде во ред, се качив на летот. Непосредно пред да слетам во Белград ми пукна водењакот и почнаа компликации! Срцето двапати ми застана во авионот, стјуардесите ме оживеаја со дефибрилатор.

фото инстаграм/ Маја Николиќ

Штом авионот слетал во Белград, Брзата помош ја однела Николиќ во болницата „Народни фронт“.

фото инстаграм/ Маја Николиќ

– Таму ми го спасија животот! Лекарите утврдија дека имам ектопична бременост, што е многу опасно. Американските лекари не го забележаа или не ми кажаа! Благодарна сум на тогашната началничка на болницата, Бранка Николиќ, која ми помогна во најтешките моменти.

фото инстаграм/ Маја Николиќ

И покрај драмата низ која минала, Маја била категорична да има дете со тогашниот сопруг Вук Кандиќ.

фото инстаграм/ Маја Николиќ

-Иако можев да ум-рам, не се откажав. Вториот син Лазар го родив во 2006 година. Се вратив од Америка во Србија да се породам со него и да останам овде. Голема желба ми беше да имам ќерка, но не ми се исполни. Сè уште го сакам тоа, но мислам дека тоа не е можно на оваа возраст.

фото инстаграм/ Маја Николиќ

Сепак иако имала болно искуство, периодот што го поминала во Америка не го памети само по лошите работи. Имено пред да го запознае бизнисменот Вук Кандиќ во Лос Анџелес, таа се обиде да го оствари својот сон за градење кариера.

фото инстаграм/ Маја Николиќ

– Кога пристигнав во Лос Анџелес, живеев во мало изнајмено студио од 25 квадратни метри во Холивуд. Плаќав 1.275 долари месечно за кирија. Таму поминав скоро две години, бидејќи поголемите станови таму се многу скапи. Заработував пеејќи во ресторан што го води нашиот човек Добривоје Танасијевиќ. Пеев џез и заработив 1.000 долари за еден час пеење – вели Маја, која запознала многу светски ѕвезди:

фото инстаграм/ Маја Николиќ

– Тој ресторан важи за еден од најпрестижните и најдобрите во Холивуд. Не секој можеше да руча во „Дан Тана“ бидејќи храната е многу скапа. Затоа таму најмногу доаѓаа холивудските ѕвезди. Ги запознав Анџелина Џоли, Брус Вилис, Бред Пит и Џорџ Клуни. Ја запознав и Деми Мур! Одевме кај истиот инструктор по јога во Лос Анџелес. Деми ме воодушеви бидејќи е сосема опуштена и нормална жена.
Пред музички да го освои Белград и да го почувствува гламурот на Холивуд, пејачката имала безгрижно детство во Ниш со нејзината мајка Славица, таткото Новак и помалиот брат Марко.

фото инстаграм/ Маја Николиќ

– Потекнувам од музичко семејство. Свиревме гитара и пеевме во станот секој ден. Секогаш бевме весели! Како млад, татко ми имал бенд, со кој успешно изградил музичка кариера во Загреб. Почна да свири со Неда Украден, а долго време соработуваше и со Ѓорѓе Новковиќ, татко на Борис Новковиќ. Мајка ми пееше во ансамбл во Ниш, двајцата се запознале преку музика – вели таа и додава дека татко и се откажал од музиката, но дека љубовта кон таа уметност им ја пренел на децата:

фото инстаграм/ Маја Николиќ

– Дедо ми Бранко беше поп и не сакаше син му да се занимава со музика. Тој го принуди да избере помеѓу работа како војник и поп-ѕвезда. Тато го слушаше, се врати во Ниш и стана потполковник, но сепак ја сакаше музиката, па секој ден свиреше за мене и брат ми. Марко научи да свири гитара на четиригодишна возраст. Имав седум години, а брат ми пет, кога победивме на фестивалот „Мајска песна“ во Ниш. Сите беа воодушевени што бевме толку мали и толку талентирани. Тогаш решив дека музиката ќе биде мојот живот, рече Маја во интервјуто за српски Курир.

фото инстаграм/ Маја Николиќ
фото инстаграм/ Маја Николиќ
фото инстаграм/ Маја Николиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close