Кафе муабет
Боки 13 со шокантна исповед: Овие фотографии се од првото рочиште- ме исфрлија од болница како куче поради нив!
Бојан повторно се обрати до граѓаните...
Бојан Јовановски реши повторно да се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук објавувајќи ги фотографиите од првото рочиште за случајот Рекет за кој доби девет години затворска казна.
Имено Боки во постот кој го објави на споменатата социјална мрежа истакна дека многумина во тие моменти го понижувале и му се потсмевале. Боки посочува дека бил исфрлен од болницата 8-ми септември во тешка здравствена состојба и вели дека овие фотографии се срам на Заев и Рускоска.
Во продолжение целиот пост на Боки 13…
“Овие слики се од првото рочиште за случајот Рекет, 03.12.2019. Овие слики ќе одбележат еден период од мојот живот за кои ќе зборувам описно и детално кога ќе дојде време.
Многумина се радуваа кога ме видоа во оваква состојба, ликуваа, се потсмеваа, ме понижуваа, едноставно овие слики беа кулминација на малодушноста и злобата на поединците кој со сета сласт ги шеруваа и публикуваа овие слики со најгрозни коментари. Да, ќе се сложам, навистина се грозни сликиве, но единствено би сакал да знаете дека еден ден пред да почне судењето кај омилените и инструирани судии Васка Николовска-Масевска и Софче Гаврилова-Ефремова и пред овие слики бев буквално исфрлен, како куче скитник, од болницата 8-ми септември, со недовршена инфузија и канила на раката, по налог на директорот на болницата (другар на Заев), под наредба и закана директно од Русковска, наредба да бидам испуштен од болница во катастрофална здравствена состојба на судиите и чинителите од власта ( кој мислат дека се богови на земјата ). Токму оние судии кој по секоја цена мораа да ја извршат зададената задача, кршејќи ги сите законски норми и да ме осудат по секоја цена!!!
Овие слики не се мој срам, овие слики се срам и товар кој погоре опишаните ќе си го носат додека се живи!!!
Нека трепкаат овие слики и нека бидат синоним и приказ што значи вистинска тортура во 21 век!!!
Денеска е Велики петок, најтажниот ден во христијанскиот свет, денот кога Исус бил мачен, камшикуван, осуден на смрт и распнат, последните негови зборови биле : “Господе, опрости им, оти не знаат што прават”, а јас како скромен верник и христијанин ќе кажам, Господе, само твојот суд е вистински и суди им по твоја воља”.
Содржината е авторски текст на Бојан Јовановски, објавено од администратор на профилот
Боки во постот кој го објави неодамна на својот Фејсбук профил пишува за моментите кога неговиот живот бил во опасност. Тој вели дека постојано мислел на својата мајка со која комуницирале само преку писма, но и дека со нив заспивал бидејќи му биле единствената надеж дека се ќе заврши.
-Постојат ли зборови, постои ли опис, постои ли мисла, постои ли стих, постои ли песна што може нас да не опише, мене и тебе… Постои ли клетва за оние што ни го направија ова ЗЛО, постои ли утеха, постои ли начин да се избришат мајчините солзи кои се единствените искрени и многу болни, постои ли гума со која може да се избрише тортурата и сите оние моменти кога не ни дозволуваа да се видиме и да се гушнеме додека лежев во болница кога ме држеа во притвор по секоја цена, постои ли начин да ги заборавам белите листови хартија натопени со моите солзи на кои ти ги пишував моите писма од притвор бидејки тоа ни беше единствената комуникација, а кога ќе добиев повратно писмо со твојот краснопис го бакнував милион пати и со него заспивав… постои ли казна на овој свет за сите оние бездушници кои ни глумеа пријатели и роднини додека имаа само гола корист па потоа ја покажаа својата бедотија и постои ли награда и збор за благодарност за оние кои што беа покрај нас и покажаа човечност и големина, и на крајот постои ли заборав за сите злодела и неправди кои ни ги нанесоа… Постои ли поголема среќа од онаа кога ме дочека дома кога се “смилуваа” и ме пуштија во куќен притвор…. НЕ ПОСТОИ !!!
ПОСТОИ САМО НАДЕЖ, ВЕРБА И ЉУБОВ.
-Јасминке моја најмила, ти ме познаваш најдобро, знаеш каков сум, знаеш дека никому не сум му направил ништо лошо, исто така знаеш колку многу ме имаат повредувано, понижувано, навредувано, дискриминирано и знаеш дека сум издржувал се, а сум издржал се возможно и невозможно поради твојата љубов и поддршка, мојата единствена и вистинска животна среќа е што ти си моја мајка!!!
Само посакувам да си ми здрава и жива ти и татко ми, а за се останато ќе се борам, машки , чесно и достоинствено!