Кафе муабет
“Биолошкиот часовник ми отчука, не планирам деца”- Пејачката искрено за својот брак и семејството!
Минатата година се омажи за својот избраник...
Пејачката Билјана Сечивановиќ минатата година се омажи за својот избраник Александар Недиќ, со кого, како што вели, во нејзиниот брак цветаат рози, но тие не размислуваат за проширување на семејството, односно таа вели дека не планира да роди дете.
Билјана и Александар поради пандемијата ја одложија големата свадбена веселба, а минатата година се венчаа само пред матичар.
– Погледнете сами како сум мажена, цветам. Иако тоа не смени ништо за мене. Не планираме деца, но ако се случи, може да биде само оваа година, бидејќи имам 45 години и мојот биолошки часовник скоро да отчукува – изјави пејачката за „Стар“.
Таа исто така призна дека престанала да со снимање на својот нов албум затоа што останале без пари.
– Поради круната, немам приход, па морав да го запрам албумот. Имам сопруг, но имам и големи трошоци и даночен обврзник сум. Не можам да финансирам песни и спотови од неговата плата – рече Билјана.
Билјана од првиот брак, има син, додека нејзиниот сегашен сопруг има ќерка.