Дом и семејство

Билјана Дебарлиева се пофали со новиот имиџ и собра низа комплименти: Еве зошто важи за една од најубавите дами во Македонија (ФОТО)

За неа годините се само бројка...

Билјана Дебарлиева со години е на телевизиските екрани, а воедно важи за една од најубавите водителки кај нас.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

Секогаш насмеана, елегантна со префинет вкус, каде и да се појави не може да остане незабележана.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

Русата коса е нејзин заштитен знак а дека за неа годините се само бројка покажува и последната фотографија која ја сподели на социјалните мрежи направена пред неколку дена.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

Имено Билјана се пофали со својата нова фризура и позираше во еден познат салон за убавина.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

Познатата боб фризура одлично и прилега а шишките настрана ја прават да изгледа многу помладо.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

На крајот на минатата година, на 19-ти декември Билјана го прослави својот 50-ти роденден па повторно блесна во нејзин стил. Убавата водителка за оваа прилика реши да облече кошула во бледо розевва боја, и модерни панталони во истата боја. Најубавиот детал сепак беше нејзината насмевка по која и е препознатлива.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

„Роденденот ми беше на 19-ти декември, на Св. Никола, ама бидејќи е празник кој го слават многу семејства, па и голем дел од нашите пријатели, нема да можев да ги соберам на тој ден, со сопругот одлучивме да ја направиме роденденската прослава неколку дена подоцна.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

-Сопругот ми направил и едно изненадување, 7-минутно видео со фотографии од убави и важни моменти и приватно и професионално од моите изминати 50 години, буквално од детството, тинејџерските години, па сè до ден денес. Го правел без да знам јас, за да биде изненадување, и навистина беше и за мене и за сите што беа на прославата, рече Билјана за Црно Бело.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

Билјана е дваесет и осум години во брак со сопругот Јован Дебарлиев, а плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Ана и синот Мики.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

Се запознале во Охрид, родниот крај на Билјана, за време на летен одмор.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

„Кога ќе се навратам назад, што сѐ не поминало во овие години зад нас. Не можам да кажам тајна или формула за успешен брак. Од мое лично искуство е да има толеранција меѓу партнерите, да нема воопшто љубомора. Ниту јас сум љубоморна, ниту мојот сопруг е љубоморен на мене. Иако типот на мојата професија некогаш барал да останувам многу до подоцна, да не бидам присутна дома. Никогаш не сум оставила простор да се посомнева во нешто. И тој секогаш ја имал слобода кога требал да излегува и шета. Кога ја имаш довербата не се измачуваш и не се јадеш самиот цебеси и не помислуваш на некакви црни сценарија“, рече Билјана.

фото инстаграм/Билјана Дебарлиева

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close